Вознемирувачко видео со малтретирање коњ го потресе цел регион – Карлеуша нудеше пари за случајот да добие разрешница
- Детали
- вторник, 15 април 2025
„За мене не постои друга поделба освен на добри и лоши луѓе. А најлошите се тие што малтретираат животни. Треба да се бориме во име на оние кои немаат глас“, напиша Јелена Карлеуша откако понуди 1 милион динари за да се пронајдат злосторниците, кои малтретирале коњ во Босна и Херцеговина. И, за среќа, пронајдени се и уапсени.
Јелена Карлеуша, потресена од снимка на која непознати лица крвнички малтретираат коњ, понуди награда во износ од еден милион динари со цел да ги дознае имињата на сторителите.
Јелена, која е позната како вљубеник во животните и борец за нивните права, ги сподели вознемирувачките кадри преку социјалните мрежи.
Тие се објавени и на Инстаграм од страна на организацијата Fortis.
Тоа е невладина организација посветена на заштита на децата, човековото достоинство и правата на животните, која функционира во повеќе земји во регионот.
Инаку, настанот со коњот е снимен минатата година во близина на градот Приедор.
Станува збор за град во северозападниот дел на Босна и Херцеговина. Градот има околу 32.000 жители, додека целата општина брои над 89.000 жители.
Со вознемирувачката снимка на која двајца мажи малтретираат коњ, Јелена напиша:
„Давам милион динари за оној кој ќе ми даде име, презиме и адреса на овие монструми. Повторувам – давам милион динари за бараните информации“.
Потоа, случајот доби полициска разрешница, а злосторниците беа уапсени.
„Со оперативна работа на полициските службеници е утврдено дека видеоснимката е снимена минатата година во местото Соколиште“, е соопштено од страна на полицијата во Приедор.
Јелена потоа на Фејсбук напиша:
„Ги најдоа… Не се смирив додека не ги најдоа. Полицијата работи…
За мене не постои друга поделба освен на добри и лоши луѓе.
А најлошите се тие што малтретираат животни.
Тука сите треба да бидеме обединети и да се бориме во име на оние кои немаат глас“.
Вознемирувачката снимка од малтретирањето на коњот, погледнете ја ТУКА...
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





