Оља Црногорац: „Спасив куче од смрт, ми тргна во животот - да не слушнам дека кучињата не се наши ангели чувари“
Потоа со татко ми отидовме до еден манастир, па да купиме сладолед таму, кога видов мало кученце.
Тоа немаше повеќе од 3 месеци, беше болно и од него излегуваа црви.
Јас мислам дека го делеше можеби еден час од смртта.
Во тој миг јас се борев за живот, а само 6 месеци пред тоа имав неуспешна ин-витро процедура, се борев да станам мајка.
Прочитајте и „Тeшко ќе станеш мајка“ - Српска водителка забремени на 41 година природно, додека барала сурогат мајка од Грузија
Му кажав на татко ми ‘Јас ќе го земам ова куче, ова е бебе, јас ќе го спасам’...
Како кучето влезе во мојот живот, мене сè ми тргна на подобро. Јас најдов лекар, јас закрепнав, јас се смеев, јас трчав со него, се тркалав по трева...
Не знам колку крлежи добив од него... Тој беше светлост на мојот ден.
И тоа куче дочека јас да најдам лекар, да се излечам, но во тој миг кога мене ми беше добро, на мојот сопруг не му беше – тој отиде на операција бајпас на срцето.
Срцето му откажуваше и во шок соба на клиника во Дедиње му се, верувале или не, му се изгаси респираторот, не дишеше 30 секунди, почна да модрее, да умира.
Таму се колнеа дека тоа никогаш не им се случило.
Почна да се дави, да ја влече цевката од себе...
Но, на крајот добро испадна, успеа да излезе од болница и некако да закрепне од таа ситуација.
Си дојдовме дома. Бевме со Боби неколку дена.
Боби нè лижеше, гушкаше, најмногу беше околу мојот сопруг, како да чувствуваше дека има проблем со срцето.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





