74-минутен молк со македонски знамиња во Белград – Почит за настраданите во Кочани и жртвите во Нови Сад
- Детали
- вторник, 18 март 2025
„Така се прави тоа! А не со посета на интензивна нега“ – коментираат Србите под видеата кои покажуваат дека нашите соседи се солидаризираат со болката која ја чувствуваме и оддадоа почит кон жртвите во Кочани пред македонската амбасада во Белград.
Денес (18.03.2025) во Србија е прогласен ден на жалост за трагичниот пожар кој се случи во Кочани, кој досега одзема 59 млади животи.
Пред македонската амбасада во Белград, имаше организиран собир за оддавање почит, кој започна точно во 11.52 часот, времето кога се случи несреќата во Нови Сад, кога падна натстрешница на железничка станица и однесе 14 животи.
Кликнете на видеото за да го погледнете:
На поменот за настраданите деца, се одржа 74-минутен молк – 60 минути за настраданите во Кочани и 14 минути за жртвите во Нови Сад.
„Да дадеме помен на настраданите деца и да бидеме со нашите браќа кога им е најтешко. Солидарност“ – стои во објавите за собирот.
Знамињата се спуштени на пола копје, а пред македонската амбасада во Белград има толпа народ, кои положуваат цвеќиња, палат свеќи и држат македонски знамиња во знак на солидарност.
Србите покажаа голема хуманост, откако по известувањето дека во нивната земја се пренесени голем број пациенти кои беа повредени во пожарот, многумина понудија секаков вид на помош – од сместување за семејствата, до парична помош, превоз и храна.
Повеќе фотки и видеа од собирот во Белград:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





