Ведрана Рудан, за случка на онкологија: „Сите пациенти ја бараат мајка си, Бог поретко, таткото никогаш“
„Нема да ми се јавиш...“ И не ѝ се јавив.
Што би дала денес да го чујам нејзиниот глас во слушалката и деталите за нејзините проблеми со столицата.
Јас сега користам детски чепови кои немаат несакани ефекти и во четврток за нив пензионерите добиваат попуст од 10%. Сакав да ѝ го кажам тоа на ќерка ми, но не ми се јавува.
Ве разбирам, ве разбирам сите вас. Мајката секогаш се јавува во незгоден момент.
Девојките чекаат пред зградата, тргнувате за Трст, ѕвони мајка ви и прашува како сте и зошто не се јавувате. Превртувате со очите гледајќи кон ѕидот.
„Мамо, забот ме боли, имам закажано, брзам…“
„Секогаш брзаш кога ќе ме чуеш…“
„Ти треба ли нешто?“
„Ми треба твојот глас…“
„Мамо, ќе ти се јавам вечер...“
„Добро, јави ми што рекол стоматологот“.
„Да, да…“
Ја прекинувате врската, го фрлате телефонот во чантата, трчате низ скалите.
Телефонот повторно ѕвони. Не гледате кој ве бара. Не се јавувате.
На сите вас, мајките ви се живи и ве бараат бидејќи вие не ги барате. Досадни старички жени кои стравуваат за вас, зрелите жени.
Вие за нив сте биле и ќе останете беспомошни бебиња, кои тие, не знаат зошто, бездушно ги отфрлиле.
Јавете им се одвреме-навреме, без причина. Еден ден, кога ќе бидете сами во болничка соба во ноќта, ќе вриштите:
„МААААМООООО…“
Од другата страна – молк.
Ќе ве чуе само некоја непозната жена, неколку врати подалеку, додека ги навлекува слушалките на уши“.
Линк до оригиналниот текст.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





