Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми преживее, имаше операција“
- Детали
- среда, 05 март 2025
„Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто што ми даваше сила во тој тежок период беа разговорите со лекарите. Не ми беше грижа што ќе ми кажат бабите, дедовците, стрините, тетките...“, вели Александра, сопруга на фронтменот на „Lexington Band“.
Фронтменот на српската група „Lexington Band“, Бојан Васковиќ, е во среќен брак со сопругата Александра со која имаат три деца.
Но, неговата сопруга за српските медиуми проговори колку тешка ситуација имале со нивната најмлада ќерка Хелена, која се родила во 25-тата недела од бременоста со срцева мана, но, за среќа, преживеала.
Шансите за преживување на нивната наследничка биле навистина мали.
Инаку, Александра на нејзиниот Инстаграм профил, каде има повеќе од 100.000 следбеници искрено споделува детали од секојдневието.
Нејзината исповед за српските медиуми гласи:
„Се породив во 25-тата недела од бременоста и моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа.
Единственото нешто што ми даваше сила во тој тежок период беа разговорите со лекарите.
Не ми беше грижа што ќе ми кажат бабите, дедовците, стрините, тетките и другите кои немаат врска со медицина.
Знаењето и искуството на докторите ми беше важно и само во нив имав доверба.
Но, од друга страна, на емоционален план, ми беше важна поддршката од семејството, како и моето внатрешно чувство дека јас дадов сè од себе за да родам здраво дете.
И, на крајот на краиштата, верата ми даваше сила. Едноставно си велев – не можеш сè да контролираш во животот.
Воспитана сум да бидам храбра и да одам напред низ животот со сè што тој ќе ми донесе“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





