-->


„Бебе со крилја“ од Србија е борец за медал - се родила без раце, но не ја трга насмевката

Јелена Тројановски од Бор, Србија, имала уредна бременост, направила пренатален тест, била на сите ехо-прегледи, но ниту еден доктор не забележал дека нејзината ќеркичка ќе се роди со ТАР синдромот. И сега малата Ирина е позната како „бебето со крилја“.

prikaznata-za-devojche-1-od-srbija-so-retko-genetsko-narushuvanje-narecheno-e-bebe-so-krilja-01.jpg

Ирина Тројановски од Бор, Србија, е едно од 5.000 бебиња во целиот свет кои се родени со реткиот ТАР синдром. Во мигот кога се родила, нејзините родители знаеле дека пред нив претстои тешка животна битка

ТАР синдром (Thrombocytopenia-Absent Radius syndrome) е ретко генетско нарушување што се карактеризира со недостаток на радиусната коска во подлактицата и ниско ниво на тромбоцити (тромбоцитопенија).

Ирина не може да има безгрижно детство и пред вториот роденден таа веќе имала неколку операции и се соочила со носење гипс, правење вежби и носење ортоза.

prikaznata-za-devojche-1-od-srbija-so-retko-genetsko-narushuvanje-narecheno-e-bebe-so-krilja-02.jpg

Кај неа не се развиени рацете и родена е без чашки на колениците. Нејзините рачиња се толку скратени, што десната дланка ѝ излегува од рамото.

Но, таа храбро поднесува сè и е позитивна и насмеана.

Таа со насмевката ги поттикнува родителите да бидат храбри и веќе е позната под прекарот „бебе со крилја“.

prikaznata-za-devojche-1-od-srbija-so-retko-genetsko-narushuvanje-narecheno-e-bebe-so-krilja-03.jpg

Ирина минатата година е оперирана во Полска, каде ѝ биле поставени фиксатори на нозете за да може да ги направи првите чекори.

Нејзината мајка Јелена Тројановски за српскиот медиум „Blic“ вели дека имала уредна бременост и за време на бременоста ниту еден од докторите не ја алармирал за некаков проблем.

prikaznata-za-devojche-1-od-srbija-so-retko-genetsko-narushuvanje-narecheno-e-bebe-so-krilja-07.jpg

Правела и пренатален тест, кој чини околу 800 евра, и одела на редовни ехо-прегледи.

Кога се родила Ирина, родителите доживеале шок. Минале еден месец во болница, а докторите се труделе многу околу неа, бидејќи претходно немале никакво искуство со ТАР синдромот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Милје, машина за шиење: Kуќата на една бабичка (83) од Србија ќе ви врати спомени „Мојата баба е жена која има 83 години и иако не се школувала доволно, таа е инт...
Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр... „Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...
Приказната за Србинката која роди дете на 60 години, па сопругот ја напушти и ѝ дава само мала алиме... „Навистина е тешко кога мораш сам да се грижиш за своето дете. Борбата за потомс...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Вељко и Богдана добија трет син - ако имаат четврто, ќе им биде последно „Слава му на Бога. Ми се роди третиот син, Исаија“, напиша синот на Цеца на Инст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg