Беше зависен од хероин, се предозира со лекови на 44 години: Факти за Дино Дворник, хрватскиот „крал на фанкот“
- Детали
- сабота, 15 февруари 2025
Дино Дворник од хрватска имаше фанови на целиот Балкан, но покрај успешната кариера, се соочуваше со зависност од дрога и хепатит Ц. Почина прерано, на само 44 години, од предозирање со лекови.
Дино Дворник, неретко нарекуван „крал на фанк музиката“, важеше за еден од најпознатите музичари во поранешна Југославија.
Како дете на актер, Дино се пробал и во филмската индустрија, но својот белег го остави на музичката сцена.
За жал, неговиот живот згасна прерано - на само 44-годишна возраст се предозира со лекови.
Неколку детали од краткиот живот на Дино Дворник:
Како дете се појавил во неколку филмови
Дино е син на познатиот актер Борис Дворник, па како дете и самиот се пробал во филмската индустрија.
Пред да ја почне музичката кариера, се појавил во неколку југословенски филмови и серии, најчесто покрај татко му.
Овде спаѓаат филмот Hajdučka vremena, како и сериите Naše malo misto и Čovik i po.
Во младоста основал бенд со брат му
Дино ја почнува музичката кариера со фанк бендот Kineski Zid кој го основал со брат му Деан Дворник.
Го издале првиот албум во 1983 година, но не виделе никаков успех.
Па, „кренале раце“ од бендот кратко по издавањето на албумот.
Се прославил преку ноќ како соло артист
И покрај неуспехот со бендот, Дино не се откажувал од музиката, па се фокусирал на соло кариера.
Се преселил во САД, а потоа и во Лондон, каде неколку години поминал во пишување и компонирање песни.
Во 1988 година настапил на Zagrebački festival каде ја освоил главната награда и со ова си го отворил патот кон успехот.
Издаде шест албуми како соло артист
По победата на фестивалот, Дино добил можност да го сними својот деби албум како соло артист.
Оттогаш не престанал да нижи успеси и до неговата смрт во 2008-ма имаше издадено шест албуми.
Пред смртта го подготвуваше седмиот, а извесен период настапуваше и како диџеј.
Притоа, имаше освоено и бројни музички награди.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





