Сестрата на Игор Којиќ, по 16 години, од САД се врати во Србија - ќе се натпреварува за на Евровизија
- Детали
- петок, 07 февруари 2025
Во Србија се обидела да изгради музичка кариера, но потоа се преселила во САД. По 16 години се враќа за да се бори за настап на Евровизија. Игор Којиќ со новата сопруга ја пречекаа на аеродром, па дома пееше со татко ѝ Кеба.
Наташа Којиќ е сестра на Игор Којиќ и ќерка на пејачот Драган Којиќ Кеба.
Таа по долги години живеење во САД, се врати во Србија и ќе се натпреварува на српскиот избор на песна на Евровизија 2025 (полуфинале 25 и 27 февруари и финале на 1-ви март).
Наташа се преселила во САД пред повеќе од 16 години и дипломирала на универзитет во Бостон.
Во почетоците имала периоди кога финансиски многу тешко се снаоѓала и без помошта од родителите вели дека не би издржала таму.
Наташа одамна има започнато со музичка кариера во Србија, но многу брзо се повлекла од сцената.
Првпат на музичката сцена се појавила уште во 2001 година, на 17-годишна возраст.
Тогаш изгледала сосема поинаку. За Гранд продукција издала 3 албуми, а последниот ѝ е во 2008 година. Најпозната песна ѝ била „Фатална и плава“.
На српскиот избор за песна на Евровизија „Беовизија“ се има натпреварувано 2 пати и тоа во 2004 и 2005 година.
Наташа по враќањето во Белград ужива во миговите со семејството, а на Твитер осамна видео како пее и се забавува со нејзиниот татко Кеба.