Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марина Туцаковиќ

Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва таа ѝ подлегна на битката со ракот, а само една година подоцна, нејзиниот постар син беше најден мртов на улица во Тел Авив.

edniot-taa-sin-go-pronajde-mrtov-drugiot-se-predozira-vo-izrael-tragediite-vo-semejstvoto-na-marina-tucakovikj-01.jpg

Марина Туцаковиќ ќе остане запаметена како еден од најплодните текстописци на територијата на поранешна Југославија.

Во долгогодишната кариера има соработувано со најголемите ѕвезди од музичката сцена на Балканот, вклучувајќи ги Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Северина, Цеца, Јелена Карлеуша…

Но, и покрај огромниот успех на професионално поле, приватно Марина се соочи со трагедија – го изгуби помладиот син.

Марина ја изгуби битката со ракот на дојка, а кратко по нејзината смрт, почина и нејзиниот постар син.

Неколку тажни детали од животот на Марина Туцаковиќ:

Марина Туцаковиќ беше во брак со продуцентот и композитор Александар Фута Радуловиќ.

Плод на нивниот брка беа двата сина Милан и Милош Радуловиќ.

Но, во 2008-ма, на само 24-годишна возраст, Милош почина, а причината за неговата смрт до денес е обиена со мистерија.

Многумина шпекулираат дека станува збор за самоубиство, додека Марина само еднаш се има огласено за трагедијата.

„Влегов во неговата соба и го видов тоа што го видов. Тогаш Милош имаше 24 година. Беше први декември.

Отсекогаш сум се плашела дека ќе му се случи нешто. Кога ќе го испратите детето на екскурзија, се плашите како ќе стигне таму.

Секогаш се плашите за луѓето што ги сакате“, изјави Марина во интервју.

Таа додаде дека вечерта пред да го најде мртов, Милош бил добро расположен.

„Интересно е што таа ноќ… тој беше многу весел, толку многу се смеевме, што не ни можев да имам лошо претчувство.

И, ете, баш тогаш се случи тоа на коешто во тој момент сигурно не сум мислела. Не очекував. Тоа беше момент на лудило“.

Марина нема откриено што е причината за смртта.

„Милош, едноставно, не се пробуди. Попладне беше здрав, сè беше нормално.

Стана да се напие вода и ми рече да го разбудам после четири за да отиде на фризер и да се подготви за излегување.

Меѓутоа, кога влегов во собата да го разбудам, не се помрднуваше. Прстите веќе му бе модри. Не знам што се случило.

Не знам дали има нешто полошо од тоа да го затекнете вашето дете како лежи неподвижно во кревет“.

Иако била направена обдукција, Марина вели дека никогаш не ги погледнала резултатите.

„Не сакав да ги видам. Што би ми значеле? Не е ни важно“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната... Таа ги скара најдобрите пријатели Аца Лукас и Жељко Шашиќ, но и двајцата ги оста...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg