Седум пати избегнал смрт, па освоил милион евра: Кој е Хрватот што е прогласен за нај(не)среќниот човек на светот?
Потоа, во 1962 година, кога мајка му се разболела, Франо одлучил да ја посети.
Таа живеела во Загреб и бидејќи ситуацијата ѝ се влошувала, Франо решил да оди со авион, за да стигне побрзо.
Авионот бил мал – со 20-тина патници, стјуардеса и тројца членови на екипажот.
Според раскажувањата на Франо, му се допаднала стјуардесата, па кога забележал дека го гледа, станал од своето место за да зборува со неа.
Авионот веќе бил во воздух, кога Франо и стјуардесата почнале да разговараат покрај вратата за итни случаи. И, тогаш моторите на авионот откажале.
„Слушнав тресок, експлозија, вратата се отвори. Стјуардесата исчезна, па излетав и јас низ вратата. Паѓав 800 метра“, има изјавено Франо за Vecernji list.
Од падот го спасил пласт сено, но сепак поминал неколку денови во кома.
Од сите на авионот, преживеале само тој и стјуардесата која, пак, се закачила за дрво.
Во 1972 година, додека со сопругата оделе кон Загреб, на Франо му се запалил автомобилот.
„Тогашната сопруга ми рече дека нешто ѝ мириса на бензин.
Но, јас ѝ реков - па на што сакаш да мириса? Сигурно нема на чоколадо“.
Кога избувнал пожарот, Франо и тогашната сопруга изреагирале навреме, па поминале само со малку изгорена коса.
Имал и уште една слична ситуација неколку години подоцна, но вели тогаш веднаш избегал од автомобилот штом го почувствувал мирисот на бензин.
Франо преживеал и судир со камион во 1996-та, додека претходната година бил удрен од автобус во Загреб, но поминал со полесни повреди.
Околу 73-тиот роденден, Франо освоил околу 900.000 евра на лотарија.
Според некои извори, со овие пари купил две куќи и брод, додека останатите им ги дал на блиски пријатели и членови на семејството.
Починал во 2016-та, на 87-годишна возраст.
Како што веќе спомнавме, дел од раскажувањата на Франо не се потврдени, како авионската несреќа.
Исто така, за некои инциденти менувал детали кога ги раскажувал на разни медиуми, но освен овие ситници, најверојатно ја зборува вистината за повеќето несреќни случаи.
Спирова С. | Црнобело