Се омажила на 19 години и се развела по 6 месеци - Трогателната исповед на Каја Остојиќ за првиот брак
- Детали
- вторник, 14 јануари 2025
„Моите родители беа шокирани. Ги разочарав и повредив со моите постапки. Ми беа лути. Но, и покрај противењето на родителите се венчавме...“, ја започнува својата исповед српската пејачка Каја Остојиќ.
Катарина Каја Остојиќ (41) стапи во брак по 4-ти пат во 2024 на денот на нејзиниот роденден (11.09).
Сега вели дека е среќна, но, првиот брак го склучила на само 19 години и смета дека тоа ѝ било огромна грешка, а единствена светла точка од тој брак е ќерката што ја добила.
Таа во повеќе пригоди зборуваше во српските медиуми за овој дел од животот.
Каја Остојиќ за првиот брак со Никола Драгољовиќ Сова, oд кој ја доби ќерката Николина, а кој брзо се распадна, вели:
„Кога дознав дека сум бремена, не бев исплашена, иако бев млада, а не беше ни Никола.
Бевме во фазон дека се сакаме, ќе се венчаме и ќе имаме дете, но моите родители беа шокирани. Ги разочарав и повредив со моите постапки.
Ми беа лути и од денешна перспектива, како мајка, ги разбирам. И јас би ѝ била лута на ќерка ми да ми приреди такво нешто.
Но, и покрај противењето на родителите се венчавме. Прво во црква, па во матично и направивме голема српска свадба со 3 музики.
На свадбата ми беа и родителите, да не речам на сила. И тој ден ќе го паметам како ден во кој сè како да беше на сила.
Бев во седмиот месец од бременоста, со стомак до заби, отечена, надвор 38 Целзиусови степени. Тој ден не ми остана во убаво сеќавање.
Ми беше лош, исто како и бракот.
Уште во бременоста почнав да сфаќам дека тој не е за мене. Но, си велев ми работат хормоните, си измислувам. Луда сум.
Кога се породив очекував негова поддршка. Но, не ја добив.
Тогаш сфатив и самата дека психички не сум подготвена за бебе, иако мислев дека сум.
Плус, дополнително лошо се чувствував затоа што Никола не ми помагаше.
Повеќе сакаше да излезе во град со друштвото, отколку да биде со мене и ќерката.
Имаше 24 години и беше неизживеан.