Српска инфлуенсерка ослабела 70kg од инает, откако ја оставил свршеникот

„Дечкото навистина не ме навредуваше поради тежината, но ме остави поради тоа. По разделбата се слушнавме и ми се извини за причината за разделба“, вели Милица Џукановиќ, која вели дека разделбата е најдоброто нешто што ѝ се случило во животот.

srpska-influenserka-se-zainatila-koga-ja-ostavil-svrshenikot-i-oslabela-70kg-01.jpg

Милица Џукановиќ е српска инфлуенсерка која направи неверојатна трансформација на своето тело.

Таа некогаш имала 136 килограми и за 9 месеци успеала да симне 70 килограми.

Во периодoт кога имала најмногу килограми, вели дека си рекла себеси:

„Сега има да ослабеш! За 8/9 месеци мора да бидеш старата, насмеана Милица“.

Токму тогаш Милица била оставена од страна на свршеникот.

За српските медиуми таа открива:

„Дечкото навистина не ме навредуваше поради тежината, но ме остави поради тоа.

По разделбата се слушнавме и ми се извини за причината за разделба.

Зборувавме за мојата тежина и ми кажа дека треба да ослабам и поради здравјето и за да бидам среќна.

Но, сега кога гледам од оваа точка, добро е што го направи тоа, во спротивно не знам што ќе беше со мене“.

Милица постојано на Инстаграм објавува пред и потоа фотографии од нејзината трансформација. На Инстаграм ја следат повеќе од 44.00 луѓе.

„Се запоставив себеси во секоја смисла, и психичка и физичка. Сета своја енергија ја насочив само кон дечкото.

Од немоќ се препуштив на старите навики, за жал, на мојот смртен непријател – храната.

Толку многу се опуштив, што моите 65kg ги дотуркав до 136kg“.

Потоа, Милица го променила начинот на исхрана и почнала со редовни тренинзи.

Колку и да бил тежок процесот на моменти вели дека воопшто не размислувала за откажување и дека инаетот и бесот, поради тоа што била оставена, ја довеле до крајната цел.

Повеќе фотки како изгледала некогаш, а како денес на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Српска водителка со потресна исповед: „Суров доктор ми предвиде 10 години живот заради Адисоновата б... „Првиот проблем кој го имав во текот на целиот живот беше нискиот крвен притисок...
Српска дизајнерка од луксузен стан во Белград од 300.000 евра премина на рурален живот и копање бавч... „Денес кога минувам покрај мојот некогашен дом (станот во Белград) се ежам. Во м...
Српска пејачка направи уникатна свадба со црна венчаница и црна торта - се омажи по 4-ти пат Каја се шегува дека кога се мажела во бело не потрајало, па сега се мажи во црно...
Партнерот ја оставил додека била бремена, заради ракот на мајка ѝ банкротирала – Тажната приказна на... Сама ги одгледала синовите близнаци затоа што партнерот ја оставил додека била б...
Сара Јо се моли за Панчо ДНК: „А, ти, добар наш Панчо... Знам дека се бориш лавовски, така како што ... „Не постои миг, а да не мислиме на тебе. Со целото срце и душа сме со тебе“, му ...
Eмилија (21) од Србија за ракот на јајници: „Мислев дека ќе умрам во 20-тите, свршеникот ми беше све... „Животот ми застана во една секунда, барем тогаш мислев така. Ми беше шок што по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg