Макијато - 80 денари, Дубаи палачинка - 260 денари: Какви се цените во Врање во декември 2024?
- Детали
- среда, 11 декември 2024
Највкусна скара во кафеани во винтиџ стил во комбинација со ракија од дуња и 95-те километри од Скопје до Врање се исплатат, зарем не?
Врање е град во Јужна Србија, во кој има околу 55.000 жители.
Се наоѓа на 95 километри од Скопје, a на 62 километри од Куманово и често е дестинација за посета на еден ден на македонските државјани.
фото: depositphotos.com
Малку шопинг, малку Лидл, повеќе кафеани со одлична скара и ракија „дуњовача“ е рецептот за еднодневна прошетка таму.
фото: depositphotos.com
Цените, очекувано, се многу пониски од Скопје кога станува збор за локалите и, се разбира, цените се разликуваат од локал до локал.
Неколку цени од Врање во декември 2025:
Моравска салата – 130 денари
Голема шопска салата – 350 денари
Ракија од дуња – 80 денари
Макијато – 80 денари
Еспресо – 70 денари
Пиво – 130 денари
Газиран сок – 100 денари
Дубаи палачинка – 260 денари
Фурнарини со лукче – 90 денари
Гурманска плескавица (голема и со разни додатоци) – 350 денари
Го посетувате ли ова српско гратче?
С. С. | Црнобело