Јелена Карлеуша: „Ми пишуваат дечковци од по 22 години, најважни ми се манирите кај мажите“
- Детали
- петок, 13 декември 2024
„Можеш да бидеш и Квазимодо, но ако ми отвориш врата, сипеш пијалак, ми го придржиш капутот и се однесуваш како заштитник... твоја сум“, вели Јелена Карлеуша и додава кој ѝ е втор критериум при изборот на партнер.
Јелена Карлеуша си ја отвори душата во подкастот „Sisterhood“ и искрено зборуваше на тема мажи и кои се нејзините критериуми при изборот.
Таа вели дека сите нејзини партнери досега биле помлади од неа, но дека најважно при изборот на партнер ѝ е тој да има манири.
Јелена Карлеуша на оваа тема вели:
„Многу ценам кога некој се труди околу мене. Да ми даде внимание со нешто, да дури и тоа да е ситница. Паѓам на манири.
Можеш да бидеш и Квазимодо, но ако ми отвориш врата, сипеш пијалак, ми го придржиш капутот и се однесуваш како заштитник... твоја сум.
Важен ми е и начинот на кој ме гледа.
Мажот мора да ме почитува.
Исто така, многу важен критериум, да не се лажеме, е каков е мажот во сексот. Ако тоа не функционира, залудни се и русата коса и сините очи.
Ако не гледам во една точка по сексот и не си кажам: „Боже, ти благодарам, што беше ова“ - ништо. Залудно е сè, ако тоа го нема.
Но, ми се има случено мажот да е и добар фраер, надарен, млад, згоден, мускулест, со многу пари, буквално да има сè.
Инаку, случајно ми се погодува мажите да се помлади од мене, едноставно такви мажи привлекувам.
Би била и со некој постар, но мора да имаме иста енергија, плус да е младолик и да има убаво тело.
Но, најчесто ме бркаат млади дечковци и ако сега го погледнам телефонот, просекот на години на мажите кои ми пишуваат е 22-23 години“.
Погледнете го целото гостување:
С. С. | Црнобело