Личи на порцеланска кукла, има настапено во фустан: Кој е српскиот „Кен“?
- Детали
- петок, 22 ноември 2024
Младиот, но скандалозен српски тиктокер и пејач не се плаши да се појави во смели стајлинзи.
Филип Маринков (25) попознат како Filarri е српски јутјубер и пејач, кој на ТикТок има повеќе од 204.000 следбеници.
Тој изгледа како порцеланска кукла, а вниманието со изгледот го привлече и на забавата „Gala Celebrities Night“ (Гала ноќ на ѕвездите), организирана од страна на српските магазини и портали HELLO!, Gloria и Story.
На настанот тој се појави нагоре само по палто, со специфичен крој, кое откриваше делови од неговото голо тело.
Филип има посетувано музичка школа во Србија, а потоа и во Хрватска, а настапуваше и на српскиот избор за песна за Евровизија, каде се појави во бел фустан од македонски дизајнер.
Филип постојано зборува и се заложува за правата на луѓето и промовира еднаквост за различностите.
Се има појавено на насловната страница на италијанскиот магазин „GMARО“, а често е во првите редовни на модните настани во Србија, секогаш облечен специфично и во негов стил.