Се плашел од „геј“ бакнежите за улога, важи за најзгоден млад српски актер – Факти за Славен Дошло
- Детали
- сабота, 30 ноември 2024
Се прославил со улогите на „геј“ личности, а важи за еден од најголемите заводници и е миленик на жените. Успешно ги крие девојките, a вели дека за да ги преболи раскинувањата слуша песна од Џастин Тимберлејк. Помалку познати детали за српскиот актер Славен Дошло.
Славен Дошло е надежен млад српски актер, кој неколку години наназад се смета за еден од најзгодните и најпосакуваните млади српски актери.
Иако кариерата ја започна со „геј“ улоги, голем број од девојките лудуваат за него, а се покажа дека освен што знае добро да глуми, тој знае и да пее, па и беше и водител на српскиот избор за претставник на Евросонг 2024.
Славен е роден во 1991-ва година во Сомбор, а студиите по глума ги завршил на факултетот за драмски уметности во Белград.
Веќе при крајот на студиите ја добил улогата во филмот „Поред мене“, по што следувале голем број успешни проекти, театарски филмови и претстави.
Тој игра и во серијата што се смета за вистински хит годинава, „Деца зла“.
Споменатиот филм се снимал во 2015-та година, а актерот толкувал улога на „геј“ момче. Самиот признава дека премногу се плашел од снимањето на филмот и од сцената под тушот со колегата Никола Глишиќ, која се најде и на веб страницата за возрасни Porn Hub.
„Се плашев какви ќе бидат реакциите. Бев загрижен.
Плус тоа ми беше прв филм. Потоа ме викаа за сите ’геј‘ улоги што постојат во Србија, што е во ред од една страна, но од друга страна, сите сакаат да глумат убијци, а никој не сака да игра ’геј‘ личност“ – рече Славен во една пригода.
Но, таа улога не му ја одбележала кариерата, па така играл најразлични улоги во текот на својата кариера.
Самиот признава дека во тој период кога ја започнувал својата кариера и самиот имал проблем со алкохолот, но успеал брзо да се справи и да не дозволи да западне во канџите на зависноста.
„Таа 2015-та година за мене беше многу интензивна. Тогаш ми се случуваше сè она заради што актерите најчесто се вртат кон алкохолот.
Кај нас сето тоа е нормално, пиеш пет ракии штом седнеш некаде, тоа го правев и јас. Не можам да кажам дека не ми беше забавно во тој миг. Потоа некако ги преформулирав сите тие работи“ – раскажа Славен.
Иако сите ги интересира која е среќничката што успеала да го освои срцето на младиот заводник, Славен никогаш не зборува јавно за својот љубовен живот.
Во една пригода рече дека не се сеќава на својата прва љубов, но го помни првото раскинување, кога со часови ја слушал песната „What goes around, comes around“ на Џастин Тимберлејк.
Сепак, познато е дека негова најголема љубов е кучето Љубица, која ја нашол една вечер кога си одел дома од забава. Тој подолго сакал да вдоми милениче, а кучето Љубица веднаш му заспала на раце.
Минатата година Славен беше водител на Евровизија, па потоа замина на одмор на Бали. Во една пригода рече дека по 10 години интензивна кариера, веќе преку глава му дошло од медиумско внимание и само сакал да побегне.
Б. С. Б. | Црнобело