Наташа Беквалац, Сека Алексиќ: Српските ѕвезди се собраа на забава во Белград со оскаровски гламур
- Детали
- четврток, 21 ноември 2024
Сека Алексиќ изненади со впечатливи ултра кратки шишки и „Лејди Гага чевли“, а Бојана Баровиќ и Наташа Беквалац покажаа што е модна доминација... Сите српски ѕвезди на едно место на гламурозна забава во Белград.
Вчеравечер (20.11) во Белград се одржа гламурозна забава на која присуствуваа многу познати српски и регионални личности.
Забавата насловена како „Gala Celebrities Night“ (Гала ноќ на ѕвездите) е организирана од страна на српските магазини и портали HELLO!, Gloria и Story.
Таа се одржува веќе години наназад и на едно место собира многу звучни имиња.
Годинава за забавата беше задолжен пејачот Џенан Лончаревиќ, а место на случувањето беше елитниот хотел „Hyatt Regency Belgrade“. Идејата на забавата е да изгледа како постоскаровските холивудски журки.
Во улогата на домаќин на настанот се појави српското ТВ лице Билјана Обрадовиќ.
Меѓу гостите, некогашната манекенка Бојана Баровиќ (41) блесна покрај пејачот Никола Роквиќ во совршено модно издание.
Бојана, која е мајка на 3 деца, носеше златна тоалета со висок шлиц.
На забавата се појавија низа познати личности од Србија, а силен впечаток со својот моден избор остави и Наташа Беквалац.
Од Фрајле до Сека Алексиќ, кои познати српските личности беа на оваа забава:
Бојана Баровиќ и Никола Роквиќ
Кликнете на видеото:
Наташа Беквалац
Кликнете на видеото: