„Една бабичка сѐ уште ја чека внуката на станицата“ – Најпотресните објави по трагедијата во Нови Сад

„Една бабичка сѐ уште ја чека внуката на станицата. Еден татко цел ден е во ургентниот центар, не знае кај му е синот...“ Вака започнува потресната објава на босанскиот актер и водител Драган Маринковиќ Маца посветена на настраданите во трагедијата што го погоди Нови Сад.

edna-babichka-s-ushte-ja-cheka-vnukata-na-stanica-najpotresnite-objavi-po-tragedijata-vo-novi-sad-01.jpg

Во Нови Сад денес (04.11) е трет ден на жалост, откако во петокот (01.11) градот беше погоден од трагедија, кога се сруши бетонска натстрешница на железничката станица, при што настрадаа 14 лица, а 3 лица беа тешко повредени.

Додека трае истрагата за тоа кој е виновен заради трагедијата, социјалните мрежи и српските медиуми се исполнети со емотивни исповеди за семејствата на настраданите, но и за оние коишто сочувствуваат со семејствата.

Така босанскиот актер и водител Драган Маринковиќ Маца на Инстаграм објави фотографија од запалените свеќи во Нови Сад и до неа напиша:

„Една баба сѐ уште ја чека внуката на станицата.

Еден татко цел ден е во ургентниот центар, не знае кај му е синот...

Едно девојче од 14 години веќе нема рака, едно момче од 18 години веќе нема нога и така до 30...

Еден дедо со своите внучиња тргна на слава, а сега тројцата лежат мртви во мртовечница. Со нив и 6-годишно девојче коешто мајка му го оставила само на клупата за да купи билети. И така до 14.

Немојте ве молам за неколку дена да го заборавите засекогаш Нови Сад... Знам дека ќе го заборавите“.

Сопругот на една 35-годишна жена од Кач, која настрада во несреќата за српските медиуми, ја раскажа својата потресна приказна.

Никола Ќириќ, е сопругот на Сања Абутина Ќириќ, која настрадала додека го чекала превозот под натстрешницата во железничката станица.

„Сања отиде до цветниот пазар во Нови Сад за да купи цвеќе, ја барав трипати на телефон, не ми се јавуваше.

Мислев дека не го слуша телефонот и дека ќе ми се јави кога ќе го слушне телефонот.

Си дојдов дома по првата смена и ги видов вестите за паднатата натстрешница. Почнав да размислувам зошто Сања не ми се јавува...

Тогаш од непознати причини почнaв да се нервирам, загрижен бев, нешто ми вриеше во стомакот... Чувствував дека не е добро...“  - раскажува тој.

edna-babichka-s-ushte-ja-cheka-vnukata-na-stanica-najpotresnite-objavi-po-tragedijata-vo-novi-sad-02.jpg

Набрзо потоа добил повик од полиција, а ниту сам не се сеќава како стигнал до Нови Сад.

По неколкучасовно чекање во Клиничкиот центар му рекле дека неговата сопруга веќе ја нема.

„Знаев дека ја изгубив Сања, мојата љубов. Целиот мој свет. Таа мене ми беше сѐ на светот“ – вели тој и раскажува како неговата сопруга ретко стоела под натстрешницата затоа што сакала да биде прва во автобусот и да седне, но тој ден, во 12 часот како судбината да ја натерала да биде токму таму.

edna-babichka-s-ushte-ja-cheka-vnukata-na-stanica-najpotresnite-objavi-po-tragedijata-vo-novi-sad-03.jpg

„Ѝ го спакував капутот што многу го сакаше, ѝ ги подготвив чевлите, но ми велат дека не можат да ѝ ги облечат затоа што ѝ се скршени зглобовите“ – вели неутешниот сопруг.

edna-babichka-s-ushte-ja-cheka-vnukata-na-stanica-najpotresnite-objavi-po-tragedijata-vo-novi-sad-05.jpg

Управникот на Ургентниот центар во Нови Сад, д-р. Драган Николиќ, пак, за српските медиуми даваше изјава за тоа каква е состојбата на повредените пациенти кои сѐ уште се борат за животот и ја раскажа приказната за таткото кој не сака да се одвои од својата повредена ќерка.

„Родителите на една од пациентките не сакаат да излезат од Ургентниот центар.

Медицинската сестра ми се јави да ми каже дека таткото на една од пациентките не се одвојува од неа 24 часа, па јас прашав дали му дале нешто, а таа ми вели дека одбива да јаде“ - раскажа тој.

edna-babichka-s-ushte-ja-cheka-vnukata-na-stanica-najpotresnite-objavi-po-tragedijata-vo-novi-sad-04.jpg

Инаку, посочи дека во болницата има голем број лекари кои деноноќно работат за да ги спасат животите на трите повредени лица, кај кои се забележани повреди какви што не биле видени уште во времето на војните.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Сакал да стане ортопед, по 2 разводи се ожени за 20 години помлада фризерка – Факти за актерот Драга... Граната паднала врз неговата зграда додека бил дома. Детали за животот на актеро...
Љубовниот живот на Сања Кужет: По разводот му се врати на бившиот, сега чекаат второ дете „Бевме на летување на Крит, цела дружина, и сите нешто се ‘муваа’ едни со други....
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
„Застрелани луѓе бегаа и бараа помош“ – Сведоштва за масакрот во Хрватска, кога маж нападна дом за с... Убиец во Хрватска утрово изврши масакр во дом за стари лица, а откако ја убил ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg