Играла во филм со Џеки Чен, била омажена за богат наследник – Која е турската актерка (со македонски корени) Ебру Дестан?
- Детали
- сабота, 12 октомври 2024
Нејзиниот брак со богат турски наследник беше проследен со голем број гласини и пишувања во медиумите. Потоа следуваше скандалозен развод и борба за старателство над синовите – Која е Ебру Дестан, турската актерка која беше член на жирито на Мис Универзум на Македонија?
Како членка на жирито на Изборот за Мис Универзум на Македонија, годинава во Скопје дојде и познатата турска актерка, пејачка и модел Ебру Дестан (47), која гордо признава дека има македонски корени.
Што знаеме за Ебру и како ја стекнала славата во Турција?
Ебру е родена на 24 септември 1977-ма година, во Измир, каде што започнала.
Таа ја започнала кариерата прво како модел, а потоа и како пејачка, a на крај влегла и во актерските води.
Во 2005-та година го издала првиот албум, а тогаш почнала да се појавува и во некои турски серии, како актерка.
Во 2007-ма година имала епизодна улога во филмот Accidental Spy во којшто глуми Џеки Чен, а се снимал во Истанбул.
Ебру продолжила со својата успешна кариера сè до 2011-та година кога во тајност се омажи за богатиот наследник Мете Октај Инан, а низ турските медиуми во тој период имаше гласини дека наводно неговото семејство не ја прифаќало како снаа.
Наводно, семејството сметало дека Ебру се обидела преку бракот да извлече материјална корист од семејството на нејзиниот сопруг, па имаше пишувања дека тие најверојатно ќе се откажат од него.
Но, Ебру и Мете и покрај гласините останаа во брак до 2016-та година, а од бракот со него ги доби синовите Октај и Али.
Турската актерка и модел во една пригода отворено зборуваше за борбата за потомство и за тоа колку тешко ѝ паѓало тоа што не можеле веднаш да добијат деца со сопругот.
Освен тоа, таа напишала книга во која освен своите ги споделила и искуствата на повеќе жени кои се бореле за потомство.
Додека беше во брак со Мете, Ебру направи пауза во кариерата, а потоа пак се врати на филмските проекти и на музиката.
Во дел од турските медиуми имаше гласини дека причина за разводот е тоа што Мете не ѝ дозволувал да продолжи со кариерата и дека имало насилство во семејството, но таа ги негираше овие гласини.