Татко од Србија ја загуби ќерката (8) во борбата со ракот: „Да ти бидам татко на тебе ми е најголемиот благослов“

„Да ти бидам татко на тебе е најголемиот благослов кој можев да го добијам во животот. Горд сум кога зборувам дека ти си најголемиот херој што сум го запознал во животот“, пишува Радован Гавран од Србија за својата малечка ѕвезда Хелена.

tatko-od-srbija-ja-zagubi-kjerkata-8-vo-borbata-so-rakot-da-ti-bidam-tatko-na-tebe-mi-e-najgolemiot-blagoslov-01.jpg

Радован Гавран е татко на Хелена Гавран (8), прекрасно девојче за кое се обедини цела Србија и собираше донации за нејзината 5-годишна борба со ракот на мозок.

Тој се огласи за првпат по смртта на неговата малечка, која почина на 1-ви октомври.

Неговата објава ќе ве трогне, но и ќе ве преплави со емоции за силината на родителската љубов.

Исповедта на Радован:

„Да бидам татко без сомневање е моето најголемо достигнување во животот, гордост и инспирација.

Татковството ме научи на безусловна љубов, ми го засили чувството за важноста на великодушноста и ме научи како да бидам подобар човек.
Да ти бидам татко на тебе е најголемиот благослов кој можев да го добијам во животот. Горд сум и полн со самодоверба кога зборувам дека ти си најголемиот херој, кој сум го запознал во животот.

Безброј пати помислувам на тебе. Секој чекор ме потсетува на тебе и искрено понекогаш и се насмевнувам зборувајќи си со тебе во мислите.

Не сум луд, барем мислам дека не сум, само те замислувам во својата сегашност, затоа што ти не си овде. Но, сепак си и никој покрај мене не е пореален од тебе.

Би можел да пишувам за тебе со часови, денови, месеци, но нема што јас да напишам, што ти со твоите 8 години не го покажа и објасни.

Остави неизбришлива трага на сите кои те запознаа, а и на оние кои не те запознаа, затоа што ти си некој кој имаше мисија на оваа планета и тато ти вели дека ја исполни.

Нема да кажам збогум, затоа што душата не може да умре.
Ќе се сретнеме.
Ќе те пронајдам.

Од милион ѕвезди знам дека една е твоја.

Те сакаат твоите сестри, мајка и татко“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ не ѝ давал да носи градници како мала, сега таа прави корекции и се разголува – Што знаеме з... Ужива во луксузот кои нејзините родители ѝ го овозможиле додека нив ги немало до...
„Татко ми ми рече дека сум психопат – сакав сите така да ме помнат“ – Сведочење на детето-убиец од „... „Не сакав полицијата да ме убие“ – Детето-убиец од „Рибникар“ вчера четири часа ...
Татко ѝ играше во документарец за српската мафија, беше осуден на затвор – Која е новата Мис Србија,... Татко ѝ играл со Кристијан Голубовиќ во документарецот за српската мафија од 90-...
„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg