Милан Калиниќ се разведува од сопругата – крај на љубовта на еден од најскладните српски парови

Наводно се иселил од семејниот стан кој неодамна го реновираа, а не сака да коментира ништо на оваа тема – српските медиуми пишуваат дека се распадна еден од најскладните бракови на српската естрада.

milan-kalinikj-se-razveduva-od-soprugata-po-18-godini-skladen-brak-01.jpg

Српските медиуми се преплавени со веста дека актерот Милан Калиниќ се разведува од својата сопруга Сандра, според блиски извори.

Наводно, тие дознаваат дека тој се иселил од семејниот дом кој неодамна го реновирале. 

Засега актерот се нема огласено на темата и за причините за разводот, а на молбата од новинарите да даде коментар за гласините, тој накратко кажал:

„Немам коментар, немам никаков коментар на таа тема“.

Инаку, Милан и Сандра беа во брак 18 години, од 2006 година, а имаат две деца, ќерката Теа и синот Вук.

Тие важеа за еден од најскладните парови на јавната сцена, иако во еден момент нивната љубов беше ставена на тест кога се раширија информации дека Сандра го изневерила.

Додека таа ги полнеше насловните страници, а многумина веруваа дека нема да ја надминат оваа криза, тие излегоа посилни од сè.

„Глупаво ми е да мислам на тоа и да коментирам. Тоа се будалаштини. Луѓето се љубоморни на нашиот брак и пишуваат глупости.

Поголема глупост во животот не сум прочитал“ – изјавил тој своевремено за медиумите и ја потврдил верноста во саканата.

Актерот има кажано дека во речиси две децении љубов поминале низ многу тешки животни ситуации и бракот им бил ставен на тест повеќепати, а сега изгледа не успеале да го поминат тестот.

Прочитајте и Наводно го изневерувала, медиумите ги разведуваа, но останаа заедно 2 децении – Љубовната приказна на Милан и Сандра Калиниќ

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Кариерата ја започнала како танчарка на Миле Китиќ, гласини за интимно видео – Која е Сaндра Африка? Се фали дека баба ѝ ѝ оставила стан во Монте Карло и јахта. Кариерата ја почнала...
„Цела година го крие разводот, арогантен е и тежок“ – Што велат соседите за разводот на Милан Калини... „Тој е успешен, познат, згоден, младите девојки го сакаат тоа. Немам убави зборо...
Му предложила брак на сопругот, по 1 година се развеле – Што знаеме за турската актерка Гозде Џигаџи... „Фала Богу – се разведов!“ Ова беше првата изјава што турската актерка Гозде Џиг...
Од таксист, до „крал на бакарот“ – Како Милан Поповиќ ги заработил милионите? Израснал со татко му на мала фарма. Додека работел како такси возач во Швајцариј...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg