Двапати се венчале и направиле 3 свадби, ѝ го спасил животот – Љубовната приказна на Тони Цетински и сопругата Дубравка
- Детали
- сабота, 21 септември 2024
По два неуспешни брака, хрватскиот пејач Тони Цетински конечно успеал да ја најде љубовта, а доживеал вистински хорор дента кога ја нашол сопругата како се тресе на терасата – Како започнала љубовната приказна на пејачот со сопругата со која е во среќен брак 10 години?
Хрватскиот пејач Тони Цетински вистинската љубов ја нашол дури по третиот обид, а тој и сопругата Дубравка веќе 10 години се во складен брак.
Љубовниот живот на тони Цетински долго време привлекувал внимание во медиумите.
Тој за првпат се оженил во 1994-та година со Антоанела Бутиган, која ја запознал за време на изборот за Мис на Дубровачко – Неретванската жупанија, каде што таа се натпреварувала.
Со неа го добил синот Кристијан, но парот по само 6 години брак се развел.
Во 2007-ма година Тони се ожени за својата менаџерка Ивана Нобилио со којашто претходно биле во врска осум години и со неа ја добил ќерката Пија. Но, и овој брак не траел долго, па парот се развел во 2012-та година.
Ивана Нобилио
Во 2013-та година Тони ја запознал сегашната сопруга Дубравка и тоа на прослава кај заеднички пријател и со неа направил 3 свадби во 2014-та година, во Лас Вегас, Загреб и во нејзиниот роден град Винковци.
Парот направи и црковна венчавка седум години подоцна, во 2021-ва година.
Најтешкиот миг што тие го преживеаја заедно бил во 2019-та година, кога Дубравка доживеала мозочен удар, па Тони ја нашол како се тресе во нивниот дом во Истра.
„Дојдов на балконот, видов дека се тресе.
Таа добила тумор на мозокот, којшто се манифестирал како ‘гран мал’, што всушност е потежок облик на епилепсија, колку што разбирам јас.
Не можете веднаш да знаете што е тоа.
Потоа воздивна и мислев дека сѐ е готово, но тоа беше процесот кога таа се смири и некако си дојде на себеси“ – раскажа Тони во една пригода.
Сепак, пејачот успеал да остане присебен, и да викне Брза Помош, а не сакал да се одвои од неа додека таа била на лекување во болница.
Подоцна Дубравка јавно му се заблагодари на сопругот, па на социјалните мрежи напиша:
„Она што нема да нѐ скрши, нѐ прави посилни. Ти благодарам Тони Цетински што ми го спаси животот, сега сме 1:1“.
Дубравка во една пригода откри дека симптомите на мозочниот удар ги чувствувала два дена претходно, но ги занемарувала. Таа неодамна даде интервју и откри дека сега, пет години подоцна сѐ уште има последици од ударот.
„Заздравувањето е долготрајно и тешко, но не значи дека е невозможно.
Ми останаа последици: брзо се заморувам, имам потешкотии во пишувањето, концентрацијата, читањето, но и во говорот“ – раскажа таа.
Со цел да ѝ помогне на сопругата побрзо да заздрави Тони Цетински одлучи да се пресели во Истра, каде што живеат до ден денес.
Б. С. Б. | Црнобело