Србин ја запроси саканата под манастирот „Острог“ – Видеото го објави со песна од Калиопи

„Ја запросил на најубавото место“ – стои во дел од коментарите на кои се гледа како едно момче од Србија одлучило да ја запроси саканата додека чекале да влезат во познатиот манастир „Острог“ во Црна Гора.

momche-ja-zaprosi-sakanata-pod-manastirot-ostrog-so-pesna-na-kaliopi-go-ovekovechi-nastanot-01.jpg

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како млад Србин одлучи да ѝ приреди романтично запросување на својата сакана, а тоа го направи во манастирот Острог во Црна Гора.

Додека големиот број посетители чекаа за да влезат во манастирот кој е едно од најпосетуваните свети места на Балканот, на момчето му помогна пријателот којшто кришум дотрча до него и му го подаде прстенот.

„Ја завршив задачата“ – пишува накратко тиктокерот на видеото откако му го подаде прстенот.

momche-ja-zaprosi-sakanata-pod-manastirot-ostrog-so-pesna-na-kaliopi-go-ovekovechi-nastanot-02.jpg

Потоа момчето ја викна девојката да се сврти, и клекна на едно колено пред неа.

Видеото е објавено на ТикТок на профилот на срспкиот тиктокер N. Grbovvv, а во заднина тече песната на Калиопи и Жељко Самарџиќ, „Знам“.

momche-ja-zaprosi-sakanata-pod-manastirot-ostrog-so-pesna-na-kaliopi-go-ovekovechi-nastanot-03.jpg

Инаку, манастирот „Острог“ е посветен на Свети Василиј Острошки, а препознатлив е по тоа што е изграден во карпа.

Голем број верници доаѓаат таму за да се помолат за здравје, за себе и за своите блиски, а го посетуваат и припадници на другите вери.

momche-ja-zaprosi-sakanata-pod-manastirot-ostrog-so-pesna-na-kaliopi-go-ovekovechi-nastanot-04.jpg

Тоа што момчето одлучило токму тука да ја побара раката на својата сакана, предизвика голем број позитивни реакции и коментари на социјалните мрежи.

„Бог да ве благослови деца!“

„Слава Боже, амин“;

„Ништо поубаво, и тоа на најубавото место“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете го видеото:

@n.grbovvv

😊 #fyp #viral

♬ Znam - Kaliopi & Željko Samardžić

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српска пејачка направи уникатна свадба со црна венчаница и црна торта - се омажи по 4-ти пат Каја се шегува дека кога се мажела во бело не потрајало, па сега се мажи во црно...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Чистел тоалети, спиел на паркинг, не го познавал турскиот јазик – Како Керем Бурсин стана еден од на... Татко му не сакал да му дозволи да студира глума, затоа што стравувал дека ќе гл...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg