„Те гледаат попреку заради родителите“ – Ќерката на Јелена Карлеуша се жали дека првите денови во средно ѝ се пекол
- Детали
- петок, 13 септември 2024
„Не можам да се спријателам со никого!“ – ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Ника, годинава почна да оди во средно училиште, а на ТикТок објави две видеа во кои раскажа со какви непријатности се соочува.
Додека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ со години наназад се препираат во медиумите и не можат да се договорат околу разводот, нивната помала ќерка Ника започна ново поглавје во животот.
Таа во септември годинава тргна во прва година средно образование, а иако не открива во кое училиште оди, според српските таблоиди најверојатно станува збор за приватна образовна установа, за која нејзините родители издвојуваат по 400 евра месечно.
Ника на ТикТок се пожали дека ѝ е мошне тешко да најде пријатели, а исто така не е ниту задоволна со униформата што задолжително треба да ја носи.
Таа објави долго видео, во кое раскажа со какви непријатности се соочува:
„Тргнав во средно училиште и сега ќе ви кажам какво е искуството досега. Ете, не ми се допаѓа воопшто, одделението, како одделение, е мошне непријатно.
Сакам да се спријателам со некој, и ете на пример, јас му велам: ‘каде одеше претходно во училиште’, а тој ми вели: ‘не е важно’...
И потоа следува непријатна тишина.
Јас сакам уште нешто да додадам, па во случај да нема другари, да се спријателам...
Луѓето овде воопшто не се социјални...“– вели таа.
Во друго видео Ника се пожали на униформите што треба задолжително да ги носат.
„Може ли некого да прашам кој смислил униформите да ни бидат во оваа боја? Каква е оваа боја? Што се вклопува со ова? Ништо! Изгледам како штрумф“ – се пожали Ника.
Додека многумина од нејзините следбеници коментираат дека проблемите со коишто се соочува се сосема нормални за нејзината возраст и дека голем број нејзини врсници се соочуваат со истите проблеми, други, пак, велат дека проблемите најверојатно се последица на нејзините родители.
„Па веројатно те гледаат попреку, затоа што знаат кои ти се родители. Не сакам да те навредам, но едноставно знаеш какви се луѓето денес“;
„Очигледно си ги наследила комплексите од мајка ти, златно дете… Не може никој да не чини во одделението… Само биди она што си“;
„Па малку се љубоморни… Можеби има и такви што мислат дека ти не сакаш да се дружиш со нив. Луѓето имаат предрасуди. Не треба да ти е грижа“ – стои во дел од коментарите.
Прочитајте и Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша и Тошиќ
Погледнете ги видеата на Ника:
https://www.tiktok.com/@frnotnika/video/7411108524488396037
@frnotnika Poslednja sam u dnevniku.. da li da se radujem ili..
♬ original sound - Nika
Б. С. Б. | Црнобело