„Погледни го својот дом, ангеле...“ – Македонските и регионалните ѕвезди се збогуваат од легендарниот Бора Чорба
- Детали
- среда, 04 септември 2024
„Збогум драг Боро, патувај на некое убаво место и погледни го својот дом, ангеле... Се сеќавам кога како дете ги купував вашите плочи... Беше легенда, легенда и ќе останеш“ - напиша Владо Георгиев, но и нашиот Марко Слаткар и Драган Темелков емотивно се збогуваа од Бора Чорба.
По смртта на легендарниот рок музичар Бора Чорба, регионот тагува и колегите се збогуваат од него.
На социјалните мрежи домашните и регионални ѕвезди споделуваат фотографии со него, а некои откриваат дека тој им бил инспирација во животот и кариерата.
Погледнете во продолжение какви пораки испратија познатите:
Марко Маринковиќ Слаткар
„Бора инспирацијо моја. Твојата музика ги направи моите гитарско-паркашки ноќи незаборавни. Ти и твојата музика ми покажавте дека може и поинаку.
Пред 10 години успеавме да го донеесеме во Ново Лисиче да свири на еден фестивал, а пред тоа да седне во една маалска кафана каде луѓето се помочаа од среќа.
Ја имав честа да го запознаам, да го сретнам неколкупати, па дури и да гостувам со него во емисија.
Ми кажаа дека кога патувале низ Македонија го пуштал моето ЦД, а омилена песна која ја враќал 100 пати му била „Ме боли к**“.
Него стварно го болеше к** толку многу колку што денес мене ме боли душа. Почивај во мир легендо“.
https://www.facebook.com/marko.slatkaristika.77/posts/pfbid02bFd7s2qyjVK1oZsftPSNMMQ7273QRpnPVSZnZdoPiEdDiKnfu5W8ATcbDYoJN2psl
Пере Нокаут
„Живот jе шала, смешна игра,...“
(Од поемата „Лутка са насловне стране“)
Бора Чорба остави длабока трага во музиката и културата,како на овие балкански простори така и во светот.
Овие стихови нè потсетуваат дека животот често е полн со иронија и непредвидливост, а Бора успеа преку своите стихови и музика да пренесе многу вистини за човековото постоење.
Почивај во мир Бора.
Твоето културно наследство ќе живее засекогаш…
Игор Џамбазов
Ламбе Алабаковски
Драган Темелков
„Замина голем уметник, идол од нашето детство и вистински музичар за кој светот ќе остане посиромашен, жал ми е за следните генерации.
Чест ми беше што растев во твоето време, а уште поголема чест што се знаевме лично. Да те цитирам: ‘Па ти не си нормален, знаеш повеќе мои песни од мене’.
Почивај во мир!“
Ребека Јанковска Ристевски
https://www.facebook.com/rebekamakedonija/posts/pfbid0V4KjLiJifiUQqH7RXgvhj18Q5F2Yp6pfYHvHj332zjK361g4K6t1aMyRw9tPfy78l
Жељко Самарџиќ
„Претажен ден за сите нас. Останавме без голем уметник и човек со големо срце. Јас без верен пријател и брат по душа.
Засекогаш ќе ми недостасуваш драг Боро. Нека ти е вечна славата. И ти благодарам“.
Цеца
Јелена Томашевиќ
Владо Георгиев
„Збогум драг Боро, патувај на некое убаво место и погледни го својот дом, Ангеле... Вечно нека ти е царството небесно и почивај во мир... Беше жива легенда, единствен и оригинален, голем поет и уметник.
Ќе памтам кога купував плочи од „Riblja čorba” како дете и уште тогаш ја препознав твојата различност, на тогаш големата југословенска сцена.
Имаше многу добра музика, добри бендови, пеачи, композитори, но, ти и твојата Чорба, се истакнувавте од сите на свој начин. Кога стадото еднаш ќе сфати колку беше голем, ќе го каже истото што и јас сега.
Беше легенда, легенда и ќе останеш. Збогум драг Боро... лесна ти земја и Бог нека биде со тебе. Ќе те памтиме засекогаш. Ангеле... “
М. М. | Црнобело