Домашни и регионални познати личности кои ѝ дадоа втора шанса на љубовта (и некои од нив зажалија)

Горан Иванишевиќ ја изневери првата сопруга, но таа му прости, па уште неколку години живееја во љубов и хармонија. Денес, поранешните сопружници се тужат и постојано се напаѓаат и преку социјалните мрежи и преку медиумите...

dunavka-i-vane-severina-i-milan-domashni-i-regionalni-dzvezdi-koi-i-dadoa-vtora-shansa-na-ljubovta-i-nekoi-od-niv-zazhalija-01.jpg

Кога е љубовта во прашање, нема правила. Врски кои сме мислеле дека нема да успеат, завршиле среќно, а некои од најубавите љубовни приказни се распарчиле на илјадници парчиња.

Но, има и такви кои откако раскинале, сфатиле дека не можат едни без други, па си дале втора шанса...

Кои се македонските и регионални ѕвезди кои ѝ дадоа втора шанса на љубовта (и можеби зажалија за тоа)?

Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов

Поранешната манекенка Дунавка Трифуновска и ексдиректорот на финансова полиција, Ване Цветанов, имаа бурна љубовна врска.

На почетокот криеја дека се заедно, но откако јавноста дозна за нивната љубов, Ване и Дунавка постојано споделуваа фотки од патувања и си изјавуваа љубов преку социјалните мрежи.

Тие направија и свадба, но се разведоа по само 5 месеци.

Тогаш почнаа и да се навредуваат еден со друг преку статуси и преку медиумите, а отидоа и дотаму што Дунавка делумно ја обвини свекрвата за разводот.

Брзо по разводот, тие се смирија и со фотка од Охрид покажаа дека ѝ дале нова шанса на љубовта.

Но, ова не траеше долго - тој замина од Македонија, а Дунавка и понатаму живее тука.

dunavka-i-vane-severina-i-milan-domashni-i-regionalni-dzvezdi-koi-i-dadoa-vtora-shansa-na-ljubovta-i-nekoi-od-niv-zazhalija-02.jpg

Горан Иванишевиќ и Татјана Драговиќ

Љубовната приказна на тенисерот и манекенката често ги полнеше насловните страници на хрватските медиуми.

Горан првпат ја видел тогаш 18-годишната Татјана во епизода од серијата Friends, кога Чендлер покажува насловна од списанието Cosmopolitan на кое се гледа нејзиниот лик. Преку пријатели го нашол нејзиниот телефонски број и ја поканил на вечера.

Иако не била импресионирана со Горан, тие продолжиле да се дружат и пријателството се претворило во љубов.

Во 2004-та ја добија ќерката Амбер, а три години подоцна синот Емануел. Но, веќе во 2008-та година врската им се разниша, кога медиумите објавија дека Иванишевиќ има љубовна афера.

На почетокот ја демантираше врската, но потоа призна дека ја изневерил сопругата.

Татјана не сакала да му прости, но се смириле и се преселиле во Лос Анџелес. Во 2009-та конечно се венчаа, но се разведоа во 2013-та.

Иако делуваше дека по разводот се во пријателски односи, Татјана пред неколку години го обвини Горан за семејно насилство.

Тој, пак, во 2023 ги тужеше неа и нивната ќерка и бараше да му го вратат станот во кој живеат, но и да престане да плаќа алиментација за децата.

dunavka-i-vane-severina-i-milan-domashni-i-regionalni-dzvezdi-koi-i-dadoa-vtora-shansa-na-ljubovta-i-nekoi-od-niv-zazhalija-03.jpg

Северина и Милан Поповиќ

Љубовта на Милан и Северина почна во декември 2010 година, а веќе во август 2011 пејачката објави дека е во третиот месец од бременоста.

Осум месеци по раѓањето на синот Александар, Северина за медиумите изјави дека таа и Милан раскинале поради „разлики во карактерот“. Таа тогаш се пожали дека српскиот бизнисмен не си го видел синот два месеца.

Еден месец подоцна, Милан во интервју кажа дека сака да се смират и ја нарече пејачката „негово злато, душа, љубов, среќа“.

Парот се смири во 2013-та година и тогаш Северина изјави дека таа и Милан се сакаат и дека се пак заедно.

Откако повторно раскинаа, Милан побара старателство над синот Александар, велејќи дека Северина не се грижи за него и неговото барање беше одобрено.

dunavka-i-vane-severina-i-milan-domashni-i-regionalni-dzvezdi-koi-i-dadoa-vtora-shansa-na-ljubovta-i-nekoi-od-niv-zazhalija-04.jpg

Нина Бадриќ и Бернард Красниќ

Хрватската пејачка само еднаш беше мажена, и тоа за бизнисменот Бернард Красниќ, кој е помлад од неа.

Тие се венчаа во 2006 година, по 5 години врска.

По 3 години брак, Нина откри дека се разведува и истакна дека разводот го смета за личен пораз.

По шест месеци, решија да си дадат уште една шанса, но безуспешно.

Нина по разводот веќе не зборува јавно за својот љубовен живот. Бернард, пак, се прежени и има две деца.

dunavka-i-vane-severina-i-milan-domashni-i-regionalni-dzvezdi-koi-i-dadoa-vtora-shansa-na-ljubovta-i-nekoi-od-niv-zazhalija-06.jpg

Звонимир и Леонарда Бобан

Еден од најдобрите југословенски фудбалери, Звонимир Бобан, на почетокот на јануари 2024-та потврди дека со поранешната сопруга Леонарда решиле да ѝ дадат втора шанса на љубовта.

Парот, кој важеше за еден од омилените во Хрватска, се раздели во 2021-ва, по 30 години љубов.

Во изминатите три години, Бобан беше во врска со 19 години помлада заболекарка, но ја прекина и сега е повторно заедно со поранешната сопруга.

Парот има 5 деца, од кои 4 се посвоени, а во 2009 година добија и свое биолошко дете.

dunavka-i-vane-severina-i-milan-domashni-i-regionalni-dzvezdi-koi-i-dadoa-vtora-shansa-na-ljubovta-i-nekoi-od-niv-zazhalija-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Вештаците треба да утврдат дали користи дроги“ - Зошто Милан Поповиќ ѝ го одзеде синот на Северина? „Северина не го остави само еднаш детето без надзор, па да ѝ се прогледа низ прс...
Северина во солзи пред публиката - Не можеше да ја испее песната посветена на синот (видео) „Моја обврска, моја должност беше да станам, да се облечам, да се нашминкам, да ...
„Северина била кај егзорцист за да го истераат злото од неа“ - Нови тврдења на Милан Поповиќ против ... „Ритуалот на егзорцизмот што е правен е ист како оној што ни е познат од хорор ф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg