Жељко Јоксимовиќ ја остави за Јована, а таа достоинствено го поднесе тоа - Која е Адриана Чортан и што прави денес?

„Ако некаде го сретнам Жељко, ќе му ја честитам свршувачката. Сите сме луѓе и животот оди понатаму“, изјави Адриана Чортан во една пригода откако Жељко ја остави за Јована.

zheljko-joksimovikj-ja-ostavi-za-jovana-a-taa-dostoinstveno-go-podnese-toa-koja-e-adriana-chortan-01.jpg

Жељко Јоксимовиќ од 2012-та година ужива во бракот со Јована Јоксимовиќ, а заедно ги имаат синот Коста и близначките Ана и Срна.

Инаку, Жељко зад себе има еден брак од 1995-та година кој траел кратко, но од кој ја има ќерката Мина, која израсна во вистинска убавица.

Веќе добро е познато дека Жељко и Јована својата врска ја започнале во 2008 година, па се вериле во 2011 година, но се разделиле.

zheljko-joksimovikj-ja-ostavi-za-jovana-a-taa-dostoinstveno-go-podnese-toa-koja-e-adriana-chortan-03.jpg

По извесен период се смириле и во јануари 2012-та година со свадба на Малдиви ја крунисале својата љубов.

zheljko-joksimovikj-ja-ostavi-za-jovana-a-taa-dostoinstveno-go-podnese-toa-koja-e-adriana-chortan-02.jpg

Но, Жељко за да започне љубовна романса со Јована ставил крај на врската со Адриана Чортан.

Која е Адриана?

zheljko-joksimovikj-ja-ostavi-za-jovana-a-taa-dostoinstveno-go-podnese-toa-koja-e-adriana-chortan-10.jpg

Таа е родена 1980 година во Белград и е позната српска ТВ водителка, новинарка и монтажерка.

Кога била млада се занимавала со манекенство, а својата телевизиска кариера ја започнала од 2000 година.

Адриана е во среќен брак со бизнисменот Немања Симиќ, со кого ја крунисале љубовта во 2018 година.

zheljko-joksimovikj-ja-ostavi-za-jovana-a-taa-dostoinstveno-go-podnese-toa-koja-e-adriana-chortan-09.jpg

zheljko-joksimovikj-ja-ostavi-za-jovana-a-taa-dostoinstveno-go-podnese-toa-koja-e-adriana-chortan-08.jpg

zheljko-joksimovikj-ja-ostavi-za-jovana-a-taa-dostoinstveno-go-podnese-toa-koja-e-adriana-chortan-07.jpg

Жељко и Адриана биле неколку години во врска, пред да ја остави за Јована, но во 2011 година Чортан изјави дека ако наиде на Жељко без проблем би му ја честитала свршувачката со Јована.

„Ако некаде го сретнам Жељко, ќе му ја честитам свршувачката. Немам причина да не го направам тоа.

На него и на Јована им посакувам сè најдобро. Сите сме луѓе и животот оди понатаму“.

zheljko-joksimovikj-ja-ostavi-za-jovana-a-taa-dostoinstveno-go-podnese-toa-koja-e-adriana-chortan-06.jpg

Во тој период таа не била многу отворена за коментари, но на прашањата од медиумите за разделбата потоа има изјавено:

„Не сметам дека сум затворена за медиумите, но сметам дека имам право на приватен живот и не сакам комплетно да се соголувам пред јавноста. Доволно зборував и тогаш, барем онолку колку што мислев дека нема да наштети на нашите семејства и пријатели“.

Дека Александра достоинствено го поднела тоа што Жељко ја избрал Јована говори и фактот што таа на прашањето дали би го угостила во својата емисија вели:

„Зошто да не, би сакала да дојде. Тој е јавна личност, а јас сум доволно голем професионалец и немам проблем со тоа што ми е поранешен партнер“.

zheljko-joksimovikj-ja-ostavi-za-jovana-a-taa-dostoinstveno-go-podnese-toa-koja-e-adriana-chortan-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Жељко Јоксимовиќ прослави со најважните жени во животот: Сопругата Јована - светски гламур, ќерка му... Жељко Јоксимовиќ видно расположен, позираше со oгромна торта на забавата по пово...
Гласини дека е во врска со Марија Шерифовиќ откако беа заедно на одмор – Која е Јована Пајиќ? „Да бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку шт...
Татко ѝ се самоубил, доби дете со хрватски актер – Факти за актерката Јована Стојилковиќ Сите ѝ велеле да го следи славниот дечко кој станал кошаркар во НБА и да си зами...
Ја „фатија“ во афера со фудбалер, па сега „ја омажија“ - Сите гласини за љубовниот живот на Ивана Ни... Минатага година се најде среде скандал кога сите српски таблоиди пишуваа дека ко...
По две децении соработка Цеца и Жељко Јокисмовиќ снимија дует: Се очекува песната да биде голем лете... „Ние чекаме 20 години ова да се случи“ – откри Жељко Јоксимовиќ во моментот доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg