„По ова копнеевме“ - Нихан од „Карасевда“ објави дека е бремена, по гласините дека сопругот ја изневерува
- Детали
- среда, 21 август 2024
„Многу сме среќни со мојот сопруг, со моето семејство и нашето дете кое возбудено го очекувавме и по коешто копнеевме“ – напиша актерката која на македонската публика ѝ стана најпозната по улогата на Нихан во серијата „Карасевда“, Неслихан Атаѓул.
Само неколку месеци откако во турските таблоиди испливаа фотките на кои турскиот актер Кадир Доуглу танцува со друга жена, тие двајца објавија дека неговата сопруга, актерката Неслихан Атаѓул е бремена.
Актерката која на македонската публика ѝ стана најпозната со улогата на Нихан во хит-серијата „Карасевда“ деновиве го прослави својот 32-ри роденден, а по тој повод, нејзиниот 10 години постар сопруг објави неколку фотографии со коишто ѝ упати емотивна честитка, но и откри дека се радува на новиот член во семејството.
„Среќен роденден љубов моја, да имаме уште многу убави моменти за да прославиме, да ни расте семејството и да имаме уште многу, многу, заеднички години заедно... Те сакам многу“ – ѝ порача тој на сопругата.
Инаку Кадир објави фотка на која го гали стомакот на бремената сопруга, но и уште една фотка на која Неслихан позира со трудничкиот стомак.
Претходно, Неслихан сама ги сподели убавите вести на нејзиниот Инстаграм профил со фотка на која позира во проѕирен фустан и го држи трудничкото стомаче.
„Сакавме да си ја зачуваме оваа ‘среќа’ за нас уште некое време. Искрено, тоа е наше право. Накратко, среќни сме, задоволни и добри“ – напиша таа.
Во објавата, пак, по повод нејзиниот роденден, Неслихан рече дека се чувствува многу среќна.
„Многу сме среќни со мојот сопруг, со моето семејство и нашето дете кое возбудено го очекувавме и по коешто копнеевме.
Ви благодарам на сите за убавите желби и за поддршката. Многу сум среќна што ве имам“ – им порача таа на своите следбеници.
Инаку, Неслихан и Кадир се во брак од 2016-та година и важат за еден од омилените парови, но турските таблоиди често објавуваат фотографии и видеа на кои наводно се гледа дека актерот ја изневерува својата сопруга.
Откако во ноември беше објавена фотка на која што се гледа дека Кадир танцува со друга жена, Неслихан веднаш одговори и рече дека има целосна доверба во сопругот и дека тој има право да избере со кого сака да се дружи и да се забавува.
Во Турција со години наназад привлекуваат внимание заради големата генерациска разлика, а наводно парот се запознал уште во 2013-та година и се вљубиле еден во друг на прв поглед.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело