Новак се качи на сепаре, Јокиќ ја доведе бремената сопруга: Детали за прославата на српските спортисти што освоија медали на ЛОИ
- Детали
- вторник, 13 август 2024
Откако 70.000 луѓе ги пречекаа пред најпознатата белградска тераса, освојувачите на медали од ЛОИ заминаа во ресторан каде што им пееја познати пејачи, додека тие се забавуваа качени на столчиња и сепариња.
Златните српски ватерполисти, Новак Ѓоковиќ, бронзените кошаркари и сите освојувачи на медали на Летните олимписки игри 2024, вчера (12.08) се дружеа и славеа заедно за големиот успех што го постигнаа во Париз.
Прославата почна мирно, во претседателската палата во Белград, каде што спортистите и нивните тимови се сретнаа со Александар Вучиќ, кој организираше прием и ги пречека сите освојувачи на медалите.
Оттаму, спортистите се упатија кон најпознатата тераса во Белград, на Стариот двор, па еден по еден излегуваа пред околу 70.000 луѓе, кои дојдоа да ги пречекаат и да ги поздрават за радоста што им ја донесоа од Олимпијадата.
Први беа кошаркарите, па сребрената таеквондистка Александра Перишиќ, по неа следеа стрелачите Зорана Аруновиќ и Дамир Микец, за да заврши со златните ватерполисти и олимпискиот шампион во тенис, Новак Ѓоковиќ.
70.000 грла ги скандираа нивните имиња и ја пееја химната на најверојатно најголемата „забава на отворено“ што се случила во српската престолнина.
Но, дружењето на спортистите не заврши тука. Тие ја продолжија забавата во познат белградски ресторан и лудилото траеше до доцна во ноќта.
Никола Јокиќ на забавата дојде со бремената сопруга Наталија, а тука беа и сите кошаркари со нивните поубави половини.
Се пееја народни песни, навивачки песни на српските клубови, но и ретро хитови од 1990-те.
На забавата им пееја неколку познати пејачи, меѓу кои и Милица Павловиќ, Тања Савиќ, Жељко Шашиќ, Милица Тодоровиќ и Никола Роквиќ.