„Тие не знаат што е љубов“ – 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски ги сподели пораките за поддршка

„Ова не се дедо и внука, туку Лазар Ристовски со девојката“ – се шегуваат твитерџиите на сметка на српскиот актер и неговата партнерка. Таа, пак, на Инстаграм Стори ги објави пораките за поддршка што ги добила, додека со саканиот ужива на одмор во луксузен ресорт.

tie-ne-znaat-shto-e-ljubov-39-godini-pomladata-devojka-na-lazar-ristivski-gi-spodeli-porakite-za-poddrshka-01.jpg

Српскиот актер Лазар Ристовски (71) ужива во љубовта со неговата 39 години помлада девојка Аница Лазиќ (32).

tie-ne-znaat-shto-e-ljubov-39-godini-pomladata-devojka-na-lazar-ristivski-gi-spodeli-porakite-za-poddrshka-02.jpg

Парот оваа пролет беше на Малдиви, а сега на Инстаграм се пофалија дека заминале на летен одмор.

tie-ne-znaat-shto-e-ljubov-39-godini-pomladata-devojka-na-lazar-ristivski-gi-spodeli-porakite-za-poddrshka-02_2.jpg

На Инстаграм Стори, актерот објави видео во кое плива во базенот во луксузниот ресорт каде што престојуваат.

Сцената во која актерот излегува од базен потсетува на Џејмс Бонд, а зад камерата е неговата сакана Аница.

tie-ne-znaat-shto-e-ljubov-39-godini-pomladata-devojka-na-lazar-ristivski-gi-spodeli-porakite-za-poddrshka-03.jpg.jpg

Заради големата разлика во годините, Аница и Лазар честопати се мета на критики, но младата актерка покажа дека освен критиките, често добива и позитивни пораки од нејзини следбеници на Инстаграм.

Таа на Инстаграм Стори ги сподели најубавите пораки со кои нејзините следбеници ѝ дале поддршка и јавно им се заблагодари.

Проследете дел од нив:

„Преубави и многу силни, и ментално, и секако, поддршка за вас!“;

„Како некој кој е во брак со 42 години повозрасен маж, целосно те разбирам и ти праќам поддршка во секоја смисла, љубовта е љубов!“ – стои во една од пораките, на кои Аница одговори:

„Оваа порака посебно ме разнежи. Ви ја посакувам целата среќа“;

tie-ne-znaat-shto-e-ljubov-39-godini-pomladata-devojka-na-lazar-ristivski-gi-spodeli-porakite-za-poddrshka-15.jpg

„Вистинските љубови зрачат, тоа го знаеме сите ние што ги живееме. Оние што не разбираат, за жал, не разбираат затоа што не ја почувствувале и не треба да ги обвинуваме. Вие останете инспирација, сè најдобро“ – стои во уште една од пораките.

tie-ne-znaat-shto-e-ljubov-39-godini-pomladata-devojka-na-lazar-ristivski-gi-spodeli-porakite-za-poddrshka-09_1.jpg

Претходно, откако Аница објави фотки од одморот на Малдиви, и даде изјава за медиумите во која рече дека тие двајцата сакаат акција и брзо темпо, парот се најде на удар на твитерџиите, кои не штедеа на зборови и мемиња, па се потсмеваа на нивната разлика во годините.

Прочитајте и Не била родена кога Лазар Ристовски (70) се оженил, но мајка ѝ не се противи на врската: Која е 39 години помладата девојка на актерот?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Аница Лазиќ за 39 години повозрасниот Лазар Ристовски: „Се вљубивме на прв поглед, завршив на психиј... „Тој објавил дека сме во врска додека спиев, прво се смеев на коментарите, но по...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg