Едни се скромни, други ги трошат парите на тато - Со што се занимаваат децата на балканските ѕвезди?

Ќерката на Саша Поповиќ го напуштила факултетот за да изработува нокти, а за ќерката на Харис Џиновиќ се зборува дека само ги троши парите на татко ѝ...

edni-se-skromni-a-drugi-gi-troshat-parite-na-tato-so-shto-se-zanimavaat-decata-na-poznatite-dzvezdi-od-balkanov-01.jpg

Оние кои „вкусиле“ живот под рефлекторите обично се трудат да ги сочуваат своите наследници подалеку од очите на јавноста.

Некои од децата на познатите личности од регионов тргнале по стапките на славните родители, а некои имаат сосема поинакви професии и не сакаат јавно да се експонираат.

Во продолжените прочитајте со што се занимаваат и што студирале децата на најголемите ѕвезди на Балканов: 

Дино Мерлин

Дино Мерлин и неговата сопруга Амела ги имаат ќерката Наида и синот Хамза. 

Двајцата дипломирале на престижни универзитети. 

Наида постдипломските студии ги завршила на Оксфорд во Велика Британија и се занимава со информатички науки, додека Хамза студирал во Германија, а постдипломски студии за менаџмент и политички науки завршил во Турција. 

И Хамза и Амела денес живеат во Сараево.

Хари Мата Хари

Хари Варешановиќ, попознат како Хари Мата Хари, од првиот брак ги има ќерката Надја и синот Дамир, а неговиот син Мак се родил во вонбрачна заедница.

„Синовите Мак и Дамир се електроинженери, а ќерката Надја е докторка. Живеат во Германија и Словенија и задоволен сум како се снајдоа“, изјави во една пригода босанскиот пејач.

edni-se-skromni-a-drugi-gi-troshat-parite-na-tato-so-shto-se-zanimavaat-decata-na-poznatite-dzvezdi-od-balkanov-02.jpgфото: Фејсбук

Здравко Чолиќ

Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, Уна, не тргна по стапките на својот татко, но се стекна со голема популарност преку социјалните мрежи. 

На Инстаграм има над 47 илјади следбеници, па се верува дека од својата популарност и таа профитира.

Чолиќ и неговата сопруга Александра имаат уште една ќерка, Лара, која воопшто не сака јавно да се експонира.

edni-se-skromni-a-drugi-gi-troshat-parite-na-tato-so-shto-se-zanimavaat-decata-na-poznatite-dzvezdi-od-balkanov-03.jpg

Харис Џиновиќ

Џинa Џиновиќ, ќерката на Харис Џиновиќ и Мелина, исто како Уна Чолиќ, е инфлуенсерка, а нејзините снимки имаат над стотина илјади прегледи.

Младата инфлуенсерка студира моден дизајн, исто како нејзината мајка.

Иако е талентирана за овој бизнис, за неа се зборува дека само ги троши парите на татко ѝ.

Таа е често мета на негативни коментари поради пластичните операции што ги има направено.

Харис и Мелина имаат и син, Кан, но тој се држи подалеку од очите на јавноста.

edni-se-skromni-a-drugi-gi-troshat-parite-na-tato-so-shto-se-zanimavaat-decata-na-poznatite-dzvezdi-od-balkanov-04.jpgфото: Инстаграм

Саша Поповиќ

И покрај тоа што Саша Поповиќ има милиони и важи за еден од најмоќните во светот на медиумите и забавата, неговата ќерка Александра живее скромно и тивко.

Познато е само дека таа го напуштила факултетот за да се посвети на сопствениот бизнис, кој нема никаква врска со професијата на нејзините родители. 

Александра, всушност, и покрај можноста да учи каде сака, завршила курс за маникир и има свое студио, а изработува и накит.

Горан Бреговиќ

Музичарот Горан Бреговиќ има три ќерки - Ема, Уна и Лила, кои живеат во Париз, каде што познатиот музичар се пресели пред три децении.

Најстарата Ема е ликовен уметник и дипломирала на познатата уметничка академија во Нант. 

Средната ќерка, Уна, се определила за глума, додека најмалата, Лулу се интересира за мода и дизајн, но се занимава со изработување, односно уметничко исцртување на нокти.

edni-se-skromni-a-drugi-gi-troshat-parite-na-tato-so-shto-se-zanimavaat-decata-na-poznatite-dzvezdi-od-balkanov-05.jpgфото:

View this post on Instagram

Ацо Пејовиќ

Српскиот пејач Ацо Пејовиќ и неговата сопруга Билјана ги имаат ќерките Магдалена, Марија и Ива Пејовиќ.

Најстарата Магдалена пред 3 години дипломирала на Факултетот за организациони науки и го продолжила образованието во Мадрид, додека средната Марија и понатаму студира медицина.

Најмладата Ива, оди во католичко училиште, „Свети Едмундс“, каде што учат само девојчиња.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Татко му го украл од болница кога бил бебе - Животната приказна на Хари Мата Хари На многу млади години станал татко, а потоа добил и вонбрачен син. Некогаш важел...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg