„Син ми го опече анемона на Тасос“ - Како изгледа изгореницата и што треба да направите за да се заштитите?

„Синот си играше во песокот, па го опече анемона што ја донел во кофичката“ – вели една жена која деновиве е на одмор на Тасос. Знаете ли што се морски анемони и како да се заштитите од нив?

sin-mi-go-opeche-anemona-na-tasos-kako-izgleda-izgorenicata-i-shto-treba-da-napravite-za-da-se-zashtitite-01.jpg

Освен од медузи, морски ежови и дракони, кога одите на море треба да внимавате на уште едно животно, кое кај нас е познато како саса или морска анемона.

Ова месојадно животно наликува на морско растение, а допирот со него може да биде мошне болен.

Морската анемона е далечна роднина на медузите и при допир таа ве опекува.

По допирот со неа веднаш почнувате да чувствувате силна болка и чешање, а предизвикува препознатливо нафрлање на кожата, благодарение на токсините што ги испушта кога ги лови своите жртви.

sin-mi-go-opeche-anemona-na-tasos-kako-izgleda-izgorenicata-i-shto-treba-da-napravite-za-da-se-zashtitite-02.jpg

Прочитајте и „Бев на одмор во Грција, ме опече виолетова медуза - како ми реагираше телото?“

Ова лето, во грчките медиуми беше објавена веста за 4-годишно девојче кое било опечено од морска анемона додека си играло во на плажата Фтиотида.

„Ќерка ни почна веднаш да вреска од болка, и дотрчавме до неа и не ни беше јасно што се случи.

Луѓето во околината, кои веќе имале искуство и биле опечени од анемона, ни појаснија што се случило.

Ги отстранивме деловите од пипалата и веднаш ѝ дадовме лек со кортизол.

Но, заради отекувањето, во следните шест месеци ќерка ни треба да прима лекови, и да не се изложува на сонце, за да не ѝ остане лузна“ – вели мајката за грчките медиуми.

sin-mi-go-opeche-anemona-na-tasos-kako-izgleda-izgorenicata-i-shto-treba-da-napravite-za-da-se-zashtitite-05.jpg

Слична е и приказната на родители чијшто син си играл во песокот на брегот и веројатно анемоната ја донел со водата во кофичката, а нивната приказна е пренесена на Фејсбук групата „Грчка инфо“.

„Иако веќе 15 години наназад доаѓаме на Тасос, ова е првпат да искусиме нешто вакво“ – вели мајката на момчето.

sin-mi-go-opeche-anemona-na-tasos-kako-izgleda-izgorenicata-i-shto-treba-da-napravite-za-da-se-zashtitite-06.jpg

На TripAdvisor, една корисничка зборува за плажата Каратона на Пелопонез и за нејзиното искуство со анемоните.

„Плажата е убава, голема и песочна, но има анемони во морето што ме опекоа.

Потоа нозете ми отекоа и сега и по три недели сѐ уште имам лузни.

Тешко се забележуваат во морето, затоа што изгледаат како вегетација на карпите“ – вели таа.

sin-mi-go-opeche-anemona-na-tasos-kako-izgleda-izgorenicata-i-shto-treba-da-napravite-za-da-se-zashtitite-07.jpg

На следната страна прочитајте како да се заштитите од анемоните и што да направите ако ве опече...



Би можело да ве интересира:

„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Србинка со предупредување: „Во Неос Мармарас дете ќе се удавеше пред очите на татко му, заради маска... Колку се безбедни пластичните маски за нуркање? Можеме ли секогаш да бидеме сто ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg