Работела како келнерка, мажот што го сакала загинал - Детали за животот на водителката Јована Јеремиќ
- Детали
- сабота, 27 јули 2024
Во средно била првенец на генерацијата, а пораснала во кафеаната на нејзините родители, каде што работела како келнерка. Факти за водителката Јована Јеремиќ.
Водителката Јована Јеремиќ е авторка на емисијата „Ново утро“, која се емитува на Пинк телевизија, а нејзините изјави предизвикуваат бура реакции и се едни од најсподелуваните на социјалните мрежи.
Сепак, патот до успехот на Јована воопшто не бил лесен.
Родена во Горњи Милановац во 1990 година, израснала во работничко семејство, а како што и самата многупати рекла, често наидувала на неправди, како во текот на школувањето, така и подоцна.
Тоа не ја спречило да вложува во себеси и денес ужива во плодовите на својот труд.
Неколку факти за познатата водителка:
Пораснала во кафеаната „Два брата“, која била во сопственост на нејзините родители, каде и самата работела како келнерка.
Во кафеаната секојдневно имала средби со големи имиња од јавната сцена.
Не е единка. Има и брат и сестра.
Брат ѝ е скаран со родителите и токму затоа се отселил од родниот крај.
Завршила гимназија во Љиг и била првенец на генерација, а земала и стипендија.
Дипломирала на Правниот факултет во Белград, каде завршила и постдипломски студии.
Морала многу да учи за да влезе во државна квота, бидејќи нејзините немале многу пари за да ѝ го плаќаат школувањето.
Една нејзина голема љубов завршила трагично.
Кога имала 24 години и сѐ уште живеела со родителите, се заљубила во човек кој била малку постар од неа, за кој вели дека бил џентлмен, господин и господар во секоја смисла на зборот.
Но, за жал, тој загинал.
Имала прекрасен однос со свекрвата од првиот брак
Во 2017 година започнала врска со политичарот Војислав Милошевиќ, а следната година ја добиле ќерката Леа.
Многупати во јавност има истакнато дека имала прекрасен однос со поранешната свекрва, со која останала блиска и по разводот со нејзиниот син.
https://www.instagram.com/p/Cs_7ttZIaU7/
Нејзината култна изјава гласи:
„Кога на маж ќе му родиш дете, должен е да ти обезбеди:
1. Ролекс;
2. Стан во центарот на Белград;
3. Најнов автомобил.
Сѐ останато е лага и манипулација“.
Во врска е со милионерот Драган Станковиќ, кој е 14 години постар од неа.
Драган е сопственик на ланец пекари.
Со Јована се запознале во 2023 година откако ѝ гостувал во емисија.