Данијела Мартиновиќ го прослави 53-тиот роденден - Дечкото позира до неа, на гостите им читаше извадоци од својата книга
- Детали
- среда, 17 јули 2024
„Ми требаа 53 години за да изгледам толку убаво“ – пишува на написот пред кој Данијела Мартиновиќ позираше за време на прославата по повод нејзиниот роденден.
Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ на 15-ти јули го прослави својот 53-ти роденден, а по тој повод направи забава за пријателите и најблиските.
На забавата која се одржа во ресторана во Словенија, Данијела се појави во елегантен фустан во боја на циклама, а гордо позираше со нејзиниот дечко, инспекторот Јосип Плавиќ, и со пријателите.
Интересно е што на местото каде што позираат во заднина покрај белите и златни балони стои написот:
„Ми требаа 53 години за да изгледам толку убаво!“
На видеото објавено на Инстаграм се гледа дека нејзините пријатели освен што ѝ донеле подароци, одлучиле на прославата да ѝ донесат и маскота мече, со кое пејачката танцуваше.
Таа одржа говор, а потоа застана и читаше извадоци од нејзината книга „Туширања душе“.
До фотките што ги објави на Инстаграм, Данијела накратко напиша:
„Животот не се мери со годините што ги имаме, туку со миговите што ни го одземаат здивот!
Вчера проживеав голем број такви мигови и им благодарам на моите најдраги луѓе, затоа што вашата љубов и пријателство се најдобри подароци“.