15 години по разводот, Анабела Атијас и Гаги Џогани пак се во пријателски односи: „Децата нè зближија“

По разводот, тој беше во врска со Милена Микиќ, со која беше и свршен, но и оваа врска не траеше долго, затоа што танчарот и музичарот беше обвинет за насилство во семејството, па доби три години условна затворска казна за домашно насилство.

Во 2016-та година тој се потруди да ги подобри односите со бившата сопруга Анабела, па заедно почнаа да настапуваат во клубови, и тој во една пригода рече дека таа го спасила од банкрот.

2188245_screenshot-4_ls.jpg

Гаги ја поддржа Анабела и во периодот кога таа се разведуваше од вториот сопруг Андреја Атијас.

По разводот, Анабела и Андреја пак се заедно, но велат дека не сакаат повторно да стапат во брак затоа што тоа парче хартија им создава притисок.

За тоа како нејзиниот однос со Гаги постепено се подобрил, Анабела вели:

„Никој не се трудеше, ниту пак работеше на тоа ние двајца по секоја цена повторно да воспоставиме однос.

Оставивме времето да си го направи своето, сè се случи спонтано, немаше никакви напори. Природно дојде до контакт.

Кога тоа се случи, ниту Гаги, ниту јас не се навраќавме на минатото и на тоа што било, како било, затоа што нема поента.

447812238_440257068764330_9043530269979530345_n.jpg

Тоа е поентата на животот. Да учиш на своите грешки, да си даваме шанса, затоа што секој заслужува втора можност.

Никој никого не убил, што се вели. Луѓето си простуваат многу лоши работи. Сето тоа беше дел од личното растење“ – изјави Анабела.

360072442_316726234026990_8091290168819343716_n.jpg

За тоа какво било влијанието на нивните ќерки и внуки и како тие помогнале за да се подобри односот помеѓу поранешните сопружници, Анабела вели:

„Со самото тоа што децата нè викаа на истите настани и со тоа што ниту Гаги ниту јас не правевме проблеми што другата страна е присутна, со текот на времето сè се искристализира и повторно дојде до контакт.

Децата секогаш се таа алка што нè поврзува. Колку и да мислиш дека се возрасни, ако сакаш да бидеш добар родител и да учествуваш во животот на своите деца, не треба нивната душичка да ја оптоваруваш со лоши работи, односно минатото, генерално“ – вели Анабела.

433304442_2305090579835938_637852157117900698_n.jpg

Инаку нивната ќерка Луна Џогани е во брак со Марко Миљковиќ, со кого има две ќерки, а Нина сè уште не стапила во брак.

Прочитајте и Првиот дечко ѝ загинал, има дует со Врчак: Факти за Анабела Атијас, позната како Фанки Џи и мајка на Луна Џогани

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg