15 години по разводот, Анабела Атијас и Гаги Џогани пак се во пријателски односи: „Децата нè зближија“
- Детали
- петок, 12 јули 2024
Го обвинуваше за насилство и неверство, па се разведоа… Во првите години по разводот беа во лоши односи и јавно се превираа, а денес Анабела Атијас вели дека е во одлични односи со нејзиниот поранешен сопруг Гаги Џогани, со кого ја формираа групата Funky G.
Познато е дека членовите на групата Funky G, Анабела Атијас и Гаги Џогани се разведоа уште во 2009-та година, а не беа во пријателски односи.
За време на учеството во реалното шоу „Задруга“, Анабела го обвини Гаги дека ја малтерирал неговата тогашна свршеница, па дури и ѝ носел дома малолетнички под дејство на опојни супстанци и ја бркал свршеницата од домот.
Нивните јавни превирања и скандали долго време беа застапувани во таблоидите, а сега, 15 години по разводот, Анабела даде изјава во која кажа дека тие двајца пак се во пријателски односи.
Како што вели, нивните односи се подобриле, благодарение на децата и внуците.
„Нашите деца и внуци нè зближија. Се среќававме на истите настани, сè одеше спонтано.
Ништо не беше сосила, само разговаравме.
Јас го оставив минатото зад себе.
И двајцата со добивањето на нашите убави внуки ѝ дадовме приоритет на таа љубов што се раѓа и доаѓа наспроти минатото кое е такво какво што е. Учиме од грешките.
Тоа е прекрасно. Поентата е, што и да се случи, учиме, растеме, од секоја ситуација излегуваме подобри“ – рече Анабела во интервју за српски Kurir.
Анабела и Гаги беа во брак 12 години, а заедно ги добија ќерките Луна и Нина.
Додека беа заедно, имаше гласини дека тој ја изневерил со танчарка во групата. Сепак, таа му го прости неверството и се потрудија да го спасат бракот.
Самиот Гаги отворено призна дека во тој период од животот имал проблем со земањето опојни супстанци, а Анабела велеше дека на нивниот брак ѝ пресудила неговата склоност кон насилство.