Србинка по 8 сина доби ќерка: „Со првото дете беше најтешко, со секое наредно е полесно“

„Најубав дел од денот ни е кога ќе се собереме околу трпезата и тогаш по којзнае кој пат му се заблагодарувам на Бога за овој голем дар“ – вели Србинката Весна Милиќевиќ која е мајка на 9 деца, а по 8 сина конечно добила ќерка.

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-01.jpg

Србинката Весна Милиќевиќ по 8 момчиња доби девојче. Таа и нејзиниот сопруг по потекло се од Медвеѓа, Србија, а со години живеат во Италија, каде што се родени сите деца.

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-03.jpg

Таа вели дека со сопругот сакале да имаат големо семејство и благодарни се на Бог на тоа што го оствариле.

Весна на Инстаграм споделува редовно свои фотографии, а многумина коментираат дека таа не наликува на жена што родила 9 деца.

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-18.jpg

Таа е мајка на синовите Лука, Стефан, Ѓорѓе, Алекса, Никола, Душан, Петар, Павле и ќерката Мила.

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-02.jpg

Весна во изјава за српските медиуми рече дека сите бремености ѝ поминале уредно и без компликации, а смета дека тоа е последица на здравиот начин на исхрана.

„Сметам дека е најтешко да се грижите за првото дете, затоа што се среќавате со нешто непознато и имате голем број непотребни грижи.

Со детето се раѓате и вие како родители и тука почнува ’авантурата‘.

Како што ми се раѓаа следните деца, ми беше сè полесно, бев поискусна и со леснотија ги минував сите фази (од грчевите, запчињата, падовите при проодувањето, тргнувањето во градинка, училиште, пубертетот)“ – вели Весна.

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-06.jpg

По 8 сина, таа минатата година ја доби ќерката Мила, а вели дека засега нема некаква разлика во одгледувањето на децата.

Интересно е што овој брачен пар нема никаква помош од блиските или од дадилки во одгледувањето на децата, па сè прават сами.

„Нашиот ден почнува во раните утрински часови, околу 5 или 5 и 30 часот.

Подготвуваме појадок за децата, ги подготвуваме и ги пренесуваме во училиште или на работа (затоа што два сина веќе се вработени).

Додека децата се во училиште, а сопругот е на работа, јас со ќерката одам да пазарам, ги завршувам домашните обврски и сè останато што е неопходно за да се задоволат потребите на нашето семејство за тој ден.

Најубав дел од денот ни е кога ќе се собереме околу трпезата (и тогаш по којзнае кој пат му се заблагодарувам на Бога за овој голем дар) и си раскажуваме како ни поминал денот“ – вели Весна.

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-09_copy.jpg

Таа вели дека постарите деца ѝ помагаат околу одгледувањето на помалите, а на сите мајки кои размислуваат за големо семејство им порача:

„Ако сте личност што сака големо семејство може да ви кажам и да ве советувам да не се плашите да го создадете, затоа што со добра организација и голема љубов, сè е лесно и возможно“.

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-05.jpg

Погледнете уште неколку семејни фотки на Весна:

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-07.jpg

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-11.jpg

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-12.jpg

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-14.jpg

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-15.jpg

srbinka-po-8-sina-dobi-kjerka-so-prvoto-dete-beshe-najteshko-so-sekoe-naredno-e-polesno-17.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg