Доби син со пријателка и не живее со него, осамен е без семејството - Факти за Андрија Кузмановиќ
- Детали
- недела, 07 јули 2024
„Мојата ситуација е таква што не живеам со својот син, но се трудам колку што можам“ – изјави пред неколку дена српскиот актер Андрија Кузмановиќ кој доби дете со добра пријателка, откако пред една година велеше дека е среќно вљубен и дека планира да се ожени.
Српскиот актер Андрија Кузмановиќ го запознавме преку улогите во „Монтевидео, Бог те видео!“ и „Тома“ каде го играше менаџерот.
Потоа играше и во втората сезона на серијата „Јужњи ветар“, а најголема слава му донесе серијата „Шетња за лавом“ во која играше заедно со Анѓелка Стевиќ Жугиќ.
Андрија е актер кој се труди својот приватен живот да го чува подалеку од очите на јавноста, а во 2010-та година најпрво го привлече вниманието со улогата во „Монтевидео, Бог те видео!“
Интересно е тоа што тој долго време криеше дека е син на познат Србин.
Сѐ до 2019-та година, никој не знаел дека тој е син на Радојица Кузмановиќ, кој беше долгогодишен солист, уметнички директор и некогашен директор на ансамблот „Коло“.
„Јас и татко ми добро комунициравме, без разлика на тоа што и тој беше во уметноста.
Секој од нас го имаше својот пат. Додека не почина, многумина не знаеја дека јас сум му син“ – вели тој.
Она што можеби е најинтересно за Андрија е тоа што минатата година, тој стана татко на возраст од 36 години, но не сакаше да зборува јавно за татковството.
Јавноста дозна дека неговиот син се вика Игнат, но досега никој не знае која му е мајка.
Во српските таблоиди се пишуваше дека тој го добил синот со блиска пријателка, која во еден период му станала и емотивна партнерка.
Наводно, кога дознале дека пријателката е бремена, тие одлучиле дека заедно ќе се грижат за детето иако не се во врска.
Актерот избегнува да дава изјави поврзани со приватниот живот, но неодамна за првпат раскажа како се снаоѓа во улога на родител.
„Верувам дека ќе бидам сѐ поуспешен, мојата ситуација е таква што не живеам со својот син, но се трудам колку што можам.
Сигурен сум дека од година во година, како што тој ќе расте ќе бидеме што е можно поблиски“ – вели тој.