Апокалиптични сцени од Грција: Пожари на островите Хиос и Кос, туристите спијат на фудбалски стадион (фото+видео)
- Детали
- вторник, 02 јули 2024
Исто како лани, Грција се соочува со силни пожари, кои годинава се очекува да предизвикаат уште поголема штета. Викендов гореа неколку области околу Атина, а моментално ситуацијата е најлоша на островите Хиос и Кос, каде што туристите и локалците веќе се евакуирани.
Во летниот период, пожарите се очекувана појава. Но, се чини дека секоја година стануваат сè посилни.
Грција е една од земјите кои редовно се соочуваат со пожари, а лани многу делови од земјата претрпеа голема штета.
Сега, јужниот сосед повторно е во иста, можеби и полоша ситуација.
На 30-ти јуни, грчките медиуми споделија дека има пожари во околината на Атина.
Изминатата зима беше една од најтоплите во Грција досега, а летните горештини почнаа многу порано, со температури до 44 степени Целзиусови на некои места.
Ова, заедно со силните ветришта и недостатокот од дожд, создаде услови за пожар и негово брзо ширење.
Во неделата (30.06) биле евакуирани најмалку осум области во близина на престолнината на Грција, а пожарите оштетиле и домови и автомобили.
Ништо подобро не е ни на грчките острови.
Исто во неделата, пожар избувнал во индустриска зона во близина на островот Евија, а подоцна и на грчкиот остров Серифос, каде што биле оштетени куќи, складови и цркви.
Севкупно, викендов избувнале над 40 пожари на различни места во Грција, а моментално најлоша е ситуацијата на островите Хиос и Кос.
На Фејсбук групата „Грчка инфо“ беа споделени фотографии од Кос, каде што локалците и туристите биле евакуирани.
Фотки и видеа се споделуваат и на Твитер, каде што некои корисници кои се во Грција открија дека повеќето евакуирани туристи и локалци се на фудбалски стадион.
Holidaying in-laws have been evacuated from hotel to a football stadium in Kos due to #wildfire Army are there, those with children being given yoga mats to sleep on but most have nothing, my in-laws are sleeping on bits of cardboard #kos pic.twitter.com/muSlcjtx2s
— Katherine Faulkner (@k_faulkner) July 1, 2024
https://twitter.com/Sacco_69/status/1807932236055855323
Пожарите на островите горат од понеделникот, а над 100 пожарникари, како и 11 авиони се борат против стихијата.
Како што вели премиерот на Грција, ова е најтешкиот период од годината за Грција:
„Се очекува летово да биде особено опасно (поради пожарите), а најтешките времиња се пред нас.
Имавме особено тежок јуни во однос на временските услови, со голема суша и невообичаено силни ветришта за ова сезона“.
Наводно, надлежните однапред се подготвиле за „сезоната на пожари“, откако ланската стихија беше одговорна за смртта на над 20 луѓе.
Сепак, надлежните истакнуваат дека пожарите се посилни од кога било и апелираат до локалците, но и туристите, да бидат внимателни.
Повеќе фотографии и видеа од пожарите во Грција:
At the moment at Kos #kardamena #greece #wildfire pic.twitter.com/8IFU5NP0FH
— Wildfires Europe (@BosbrandenEU) July 1, 2024
at 19:30h #kardamena #Καρδάμαινα pic.twitter.com/061Yrh9DMo
— Wildfires Europe (@BosbrandenEU) July 1, 2024
Η #φωτια στην #Κω έχει ξεφύγει. Εκκενωθηκαν ξενοδοχεία στα Καρδάμαινα κ προμηνύεται δύσκολο βράδυ. #πυρκαγιά
— Stergios Alexiou (@stergiosale) July 1, 2024
Έκκληση για νερό κ τρόφιμα στο γήπεδο της Κω όπου έχει συγκεντρωθεί πλήθος κόσμου. pic.twitter.com/Mv7U0bhktg