Била секс робинка во култ, татко ѝ е криминалец – Што знаеме за внуката на српската принцеза, Индија Оксенберг?

Индија била дел од тајното сестринство на култот познато како Dominus Obsequious Sororium (D.O.S), кое се преведува како „Господар на потчинетите женски придружнички“.

bila-seks-robinka-vo-kult-tatko-i-e-kriminalec-shto-znaeme-za-vnukata-na-srpskata-princeza-indija-oksenberg-09.jpg

Индија 7 години била жртва на манипулации и сексуално злоставување. Ги откривала семејните тајни и била сексуална робинка.

bila-seks-robinka-vo-kult-tatko-i-e-kriminalec-shto-znaeme-za-vnukata-na-srpskata-princeza-indija-oksenberg-14.jpg

Таа била жигосана со иницијалите на водачот на култот Кит Раниер, а јавно кажуваше дека тој ја изгладнувал, ја малтретирал, па често ѝ наредувал да се соблече и да има секс со него, што било вообичаено за сите припаднички на огранокот на култот.

bila-seks-robinka-vo-kult-tatko-i-e-kriminalec-shto-znaeme-za-vnukata-na-srpskata-princeza-indija-oksenberg-07.jpg

Со помош на мајка ѝ Кетрин, Индија успеала да го напушти култот во 2018-та година, во периодот кога почнале да излегуваат на виделина злоделата на Кит Раниер, а таа во повеќе наврати јавно зборуваше за хоророт низ кој поминала.

Отворено раскажува дека траумите и болката биле толку големи што често имала суицидни мисли, но за среќа поддршката на мајка ѝ, ѝ помогнале да го преброди најтешкиот период.

bila-seks-robinka-vo-kult-tatko-i-e-kriminalec-shto-znaeme-za-vnukata-na-srpskata-princeza-indija-oksenberg-13.jpg

Само еден месец по ослободувањето, Индија го запознала Патрик Д Игнацио, со кого заедно работеле во ресторан во Њујорк. Прво станале пријатели, а потоа таа му се отворила за минатото и започнале врска.

bila-seks-robinka-vo-kult-tatko-i-e-kriminalec-shto-znaeme-za-vnukata-na-srpskata-princeza-indija-oksenberg-10.jpg

Иако во 2020-та година тие двајца се венчале, Индија имала долг период за да се избори со траумите.

Како што вели, долго време ѝ требало да се избори со стравот од храна, затоа што во култот не ѝ било дозволено да се здебели. А најголеми трауми имала со сексот, за што ѝ бил потребен долг период за да се врати во нормала.

bila-seks-robinka-vo-kult-tatko-i-e-kriminalec-shto-znaeme-za-vnukata-na-srpskata-princeza-indija-oksenberg-11.jpg

Денес Индија на местото на жигот има тетоважа со турско око, живее мирен живот со сопругот, а преку својот подкаст се обидува да им помогне на жртвите што преживеале трауми и сексуални злоставувања.

bila-seks-robinka-vo-kult-tatko-i-e-kriminalec-shto-znaeme-za-vnukata-na-srpskata-princeza-indija-oksenberg-15.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg