Драган Стојковиќ - Пикси прослави 33 години брак: Љубовната приказна на српскиот селектор и саканата Снежана

Драган Стојковиќ - Пикси и неговата сопруга Снежана важат за една од најскладните двојки во Србија, а нивниот брак никогаш не го следеле скандали. Се запознале на почетокот на своите дваесетти години и се венчале млади, а имаат три деца.

dragan-stojkovikj-piksi-proslavi-33-godini-brak-ljubovnata-prikazna-na-srpskiot-selektor-i-snezhana-01.jpg

Драган Стојковиќ - Пикси (59), селекторот на српската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите фудбалери во златната генерација на „Црвена звезда“, денес (21.06) слави 33 години брак со неговата сопруга Снежана.

Иако на теренот е избувлив и има специфичен темперамент, во приватниот живот, се чини, Пикси е мирен и сталожен, а делумна причина за тоа е и сопругата покрај која, вели, секогаш го наоѓа својот мир.

Денес Снежана е најголемата поддршка на својот сопруг, па често го следи на неговите патувања.

Таа беше и на стадионот Aufsalke во Гелценкирхен, каде што Србија играше против Англија на првиот натпревар од Европското првенство.

Драган и Снежана важат за една од најскладните двојки во Србија, а нивниот брак никогаш не го следеле скандали.

Се запознале на почетокот на своите дваесетти години и се венчале млади.

Токму поради тоа, поминале низ многу турбуленции и надминале бројни кризи, но тоа ги направило посилни.

„Сите знаат дека нашиот брак беше турбулентен. Јас знам да се пошегувам со другарките кои се разведуваат. Им велам: ‘Вие се омаживте совршено, а јас се намалив да дојдам до совршен брак, па сега уживам’.

Шега настрана, треба човек да се потруди во бракот. Поинаку е кога ќе се венчате на 30 или 35 години, зашто до таа возраст сте поминале некои работи во животот, а ние имавме 22 и 23 години“, призна Снежана во интервју пред неколку години.

Во времето кога се запознале, Пикси веќе бил ѕвезда на југословенскиот фудбал, но Снежана уште тогаш правела сè за тој да знае дека ја има нејзината безрезервна поддршка.

„По изгубен натпревар не спие и по три ноќи, а јас го тешам и понекогаш по 50 пати ја слушам истата приказна.

Не ми е тешко, иако некогаш ни јас самата не сум расположена, но тоа е почитта која постои по толку години“, раскажува Снежана.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Ноле и Јелена Ѓоковиќ слават 10 години брак: Тенисерот ѝ посвети љубовна песна на сопругата (видео) „10 години сме како едно, ќе те сакам засекогаш“: Ноле ѝ посвети љубовна песна н...
На бившата сопруга ѝ скрши ребро, доби забрана за пристап: Скандалозниот српски кикбоксер има нова ... Македонската јавност, покрај по спортските успеси, го знае Ненад Пагонис и од шо...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Majката на Никола Роквиќ е убавица на 60 години - прави раскошни родендени, сака природа Славица Роквиќ два пати му кажала „да“ на пејачот Маринко Роквиќ. Парот се земал...
Му предложила брак на сопругот, по 1 година се развеле – Што знаеме за турската актерка Гозде Џигаџи... „Фала Богу – се разведов!“ Ова беше првата изјава што турската актерка Гозде Џиг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg