Од разводот добила 40 милиони евра, ја барал Интерпол - Која е Хрватката што прошета топлес на црвен тепих во Загреб?
- Детали
- среда, 05 јуни 2024
За неа велат дека најголем успех што го постигнала е тоа што заработила 40 милиони евра од разводот со поранешниот сопруг. Има 4 деца, а често привлекува внимание со своите модни изданија – Која е Борна Которманиќ, една од најбогатите Хрватки, што се појави топлес на настан во Загреб?
Борна Котормановиќ е жената која на црвениот тепих на L’Adria Story Hall of Fame се појави во тесен проѕирен комбинезон, под кој се гледаа нејзините голи гради, а интимните делови ги прекри со зелени ливчиња.
Нејзиниот изглед важеше за најсмел на црвениот тепих, а таа на Инстаграм напиша дека стајлингот е инспириран од приказната за Адам и Ева.
Инаку, во родната Хрватска, Борна секогаш привлекува внимание со своите модни изданија и важи за една од најдобро облечените жени таму.
Но, која е Борна и зошто привлекува толку големо внимание кај хрватската (и регионалната) публика?
Прочитајте неколку интересни факти за неа во пордолжение:
Борна Котормановиќ е една од најбогатите Хрватки, а таа го стекнала богатството откако се развела од поранешниот сопруг, хрватскиот „крал на млекото“ Лука Рајовиќ. Се верува дека по разводот на Борна ѝ припаднале околу 40 милиони евра.
Кога имала само 3 месеци, родителите ја оставиле да живее со баба ѝ и дедо ѝ. Нејзиниот дедо бил лекар, кој во слободното време собирал уметнички дела, па така таа израснала со голем број слики и книги.
Слушајќи ги персиските бајки, уште како мала почнала да сонува за живот на висока нога, а сонот почнал да ѝ се остварува во 1995-та година кога во фитнес-центар во Загреб го запознала Лука Рајиќ.
Тие биле во врска само 6 месеци и Лука ја запросил на нејзиниот 25-ти роденден. Се венчале во 1996-та година во Дубровник, а по 7 години брак се преселиле во Женева.
Борна и Лука заедно добиле 3 сина, а таа повеќепати изјавила дека во овој брак себеси се доживувала како „никој и ништо“ и дека главниот проблем во бракот бил тоа што таа немала право да се реализира како личност и немала право на глас.