Ела Дворник со лепенка наместо гаќи, Бадриќ блеска во бело издание – Регионалните ѕвезди на Story Hall of Fame

„Годинава носам гаќи, но овојпат беше многу занимливо да се најдат“ – рече Ела Дворник во изјава за медиумите, откако трета година по ред се појави на Story Hall of Fame во издание што многу малку остави на имагинацијата. Кои други познати личности заблескаа на настанот?

ela-dvornik-so-lepenka-mesto-gakji-badrikj-bleska-vo-belo-izdanie-regionalnite-dzvezdi-na-story-hall-of-fame-01.jpg

Синоќа во Загреб се одржа настанот L’Adria Story Hall of Fame, каде голем број познати регионални личности се собраа и заблескаа во своите аутфити.

Темата на вечерта беа бисерите, па речиси сите присутни на настанот своите стајлинзи ги надополнија со нив.

Меѓу највпечатливите беше повторно изданието на Ела Дворник.

Таа се појави во зелен смел фустан, па многумина се прашуваа дали повторно како минатата година не носи долна облека, на што таа одговори:

„Годинава носам гаќи, но овојпат беше многу занимливо да се најдат... Ајде да кажеме, се работи за една лепенка“ – изјави таа за медиумите.

Меѓу присутните беа и Данијела Мартиновиќ, Јелена Розга, Нина Бадриќ, Драгана Мирковиќ и Дејан Милиќевиќ.

Актерот и костимограф Невен Цигановиќ се појави во бело издание со бисерен накит и бисерни рамки на очите.

Најсмелиот аутфит на вечерта секако беше оној на една од најбогатите Хрватки, Борна Которманиќ, која носеше тесен проѕирен комбинезон во боја на кожата, надополнет со црни детали, додека интимните делови ги прекри со лист.

Погледнете повеќе фотки од настанот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Лепа Брена е наша југословенска икона: Модата на ѕвездите на Elle Style Awards 2024 во Белград Настанот со дрес код „Југошик“ имаше за цел да потсети на Југославија, на едни с...
Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната... Таа ги скара најдобрите пријатели Аца Лукас и Жељко Шашиќ, но и двајцата ги оста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg