Едо Маајка се ожени за Израелка и доби ќерка, се бори со панични напади – Каде е и што прави најпознатиот босански рапер?

Пред 20-тина години беше еден од најпознатите босански рапери на овие простори, а неговите тогашни хитови се слушаат и до ден-денес. Едо Маајка сè уште твори нова музика, но се труди да биде посветен татко и сопруг, а вели дека ги избегнува интервјуата заради проблеми со здравјето.

edo-majka-se-ozheni-za-izraelka-i-dobi-kjerka-se-bori-so-panichni-napadi-kade-e-i-shto-pravi-najpoznatiot-bosanski-raper-01_copy.jpg

Едо деновиве имаше свој настап на Beer Fest во Загреб, што воедно беше едно од неговите ретки појавувања во јавноста.

Минатата година отворено зборуваше дека има здравствени проблеми кои не го спречуваат да настапува и да твори, но избегнува интервјуа.

Тој откри дека се бори со анксиозност и со панични напади, а најчести причинители му се интервјуа и разговори со новинари, заради што најчесто ги одбива.

„Главно сум добро и супер, но не сум добро кога ќе ме фати анксиозноста.

Секогаш причинители се интервјуата пред камерите, во емисии на радио, за време на јавните настапи, кога треба да седам и да зборувам.

Блокадата што ја произведува таа тешкотија те кочи, а тоа особено е видливо во мојата професија.

Стануваш ограничен, не даваш сè од себе.

edo-majka-se-ozheni-za-izraelka-i-dobi-kjerka-se-bori-so-panichni-napadi-kade-e-i-shto-pravi-najpoznatiot-bosanski-raper-03.jpg

И, тие состојби се мачни и тешки.

Наликуваш на кретен, новинарите ти бараат интервју што ќе користи за промоција на песните, а јас едноставно не можам да одговорам.

Потоа одложувам, се повлекувам, се надевам дека поканата за некое чудо ќе исчезне или соговорникот ќе се откаже. Ми се лутат и сметаат дека сум мрзлив“ – појасни раперот во едно гостување минатата година.

edo-majka-se-ozheni-za-izraelka-i-dobi-kjerka-se-bori-so-panichni-napadi-kade-e-i-shto-pravi-najpoznatiot-bosanski-raper-02.jpg

Инаку, ова не е првпат Едо да зборува за своите панични напади. Уште во 2008-мата година, тој тврдеше дека успеал да се справи со симптомите, но очигледно е дека тоа било само моментално решение.

Што знаеме за босанскиот рапер, кого го обожава целиот Балкан?

Едо е роден како Един Осмиќ во Брчко, БиХ, но во 1992-ра година, за време на војната, со семејството како бегалец дошол во Хрватска.

Тука ќе го заврши средното образование, по што одлучил да се врати во Тузла на факултет, но по само една година студии на факултетот за криминалистика се откажал.

Едо шест години беше во брак со првата сопруга Лана, со која живееја заедно во Загреб.

Но, во 2007-ма година одлучија да се разведат, откако и двајцата сфатиле дека направиле грешка и биле премногу млади за да стапат во брак.

edo-majka-se-ozheni-za-izraelka-i-dobi-kjerka-se-bori-so-panichni-napadi-kade-e-i-shto-pravi-najpoznatiot-bosanski-raper-06.jpg

Во 2008-ма година Едо веќе ја запознал својата втора сопруга, Израелката Лила, со која подолго време имаа врска на далечина.

Во една пригода тој откри дека ја запознал преку нејзината сестра која живее во Загреб и со која биле пријатели.

Во 2010-та година тој се преселил во Тел Авив, каде живеел заедно со Лила, нејзината ќерка од првиот брак Меј, а таму ја доби и ќерката Јасмин.

edo-majka-se-ozheni-za-izraelka-i-dobi-kjerka-se-bori-so-panichni-napadi-kade-e-i-shto-pravi-najpoznatiot-bosanski-raper-08.jpg

Животот во Израел го оддалечил на еден период од музиката.

А, со оглед на тоа што додека живеел таму имал можност да биде сведок на две кратки воени дејствија, тој вели дека Израел целосно го променил.

„Таму тоа е секојдневие. Сирени, пукотници, војни…

Не сакам да поминувам веќе низ тоа, а посебно не сакам во такво опкружување да живеат моите деца“ – изјави тој во една пригода.

edo-majka-se-ozheni-za-izraelka-i-dobi-kjerka-se-bori-so-panichni-napadi-kade-e-i-shto-pravi-najpoznatiot-bosanski-raper-04.jpg

Во 2016-та година, кога ќерката на Лила, Меј, станала полнолетна, семејството одлучило да се врати во Загреб, каде што живеат и денес.

Пејачот во повеќе пригоди нагласи дека се труди да биде посветен татко и сопруг и речиси воопшто не објавува фотки од сопругата и ќерката и се труди да ја заштити нивната приватност.

edo-majka-se-ozheni-za-izraelka-i-dobi-kjerka-se-bori-so-panichni-napadi-kade-e-i-shto-pravi-najpoznatiot-bosanski-raper-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg