Кој е менторот на Никола Роквиќ за аџилакот - Трчал 483km на поларен студ, направил 30.000 стомачни за Гинис

Трчал на температури од -50 степени Целзиусови, но и на пеколните температури во Сахара. Важи за еден од најдобрите српски спортисти, а Никола Роквиќ јавно му се заблагодари за поддршката за време на аџилакот до Грција. Кој е Јовица Спајиќ?

trchal-483-km-na-polaren-stud-no-i-250-km-vo-djunglite-na-amazon-koj-srbin-mu-beshe-mentor-na-nikola-rokvikj-01.jpg

Никола Роквиќ го воодушеви целиот Балкан со својот подвиг, во кој пропешачи од Србија до Грција и успеа да собере 31 милион српски динари (над 2,5 милиони евра) за децата болни од рак,

Но, тој не крие дека имал поддршка и од други луѓе кои му помогнале на тоа патување.

koj-e-mentorot-na-nikola-rokvikj-za-adjilakot-trchal-483km-na-polaren-stud-napravil-30-000-stomachni-za-ginis-02.jpg

На својот Инстаграм профил, Никола упати јавна благодарност до човекот кој му помогнал да го оствари овој подвиг, а не штедеше на убави зборови за него.

„Човек реткост! Мојот мил брат, Јовица Спајиќ!

Без него ништо немаше да можам да направам!

Заради неговата скромност, не сакаше да зема каква било заслуга, но јас едноставно не можам, а да не го спомнам.

Tолку ми помогна од самиот почеток, со логистиката, тренинзите, околу изборот на опремата, исхраната, суплементацијата…

Да не зборувам за искуството што го подели со мене, со менталните и духовните совети…

Ми ги напомна сите можности, што сè може да ме пречека на патот. На самото патување беше достапен во секој миг за мене.

Голема е честа еден од најдобрите на планетата да ти биде ментор!“ – напиша Никола на Инстаграм.

koj-e-mentorot-na-nikola-rokvikj-za-adjilakot-trchal-483km-na-polaren-stud-napravil-30-000-stomachni-za-ginis-03.jpg

Што знаеме за Јовица Спајиќ?

Јовица Спајиќ (36) е еден од најпознатите и најпочитуваните ултрамаратонци во светот.

Тој веќе 17 години е припадник на специјалната антитерористичка единица во Србија, а има црн појас во џиуџицу и џудо.

koj-e-mentorot-na-nikola-rokvikj-za-adjilakot-trchal-483km-na-polaren-stud-napravil-30-000-stomachni-za-ginis-05.jpg

Во минатото се натпреварувал во кросфит, а во 2012-та година стана репрезентативец на Србија и се натпреварува на најзначајните светски ултрамаратонски трки во светот, каде успева да ги фасцинира сите со издржливоста и истрајноста.

Тој успеа да се запише во Гинисовата книга на рекорди, кога во период од 24 часа направи 30.000 стомачни, без престан, а не застана ниту за да се напие вода.

koj-e-mentorot-na-nikola-rokvikj-za-adjilakot-trchal-483km-na-polaren-stud-napravil-30-000-stomachni-za-ginis-09_copy.jpg

Досега успеал да ги освои првите места на повеќе светски ултрамаратонски трки, а годинава во февруари го освои првото место во најтешката трка во светот – „Yukon Arctic Ultra“.

Станува збор за маратон долг 483 километри, а температурите на Јукон достигнуваат и до -50 степени Целзиусови.

koj-e-mentorot-na-nikola-rokvikj-za-adjilakot-trchal-483km-na-polaren-stud-napravil-30-000-stomachni-za-ginis-08.jpg

Меѓу попознатите тркни на кои учествувал е и Jungle Marathon во бразилските делови на Амазон, каде трчал 250km низ џунгла.

Освен овие, важни се и трките La Ultra – The High на Хималаите, каде трчал патека долга 333 килoметри на 6.000 метри надморска височина, потоа во Сахара, во Долината на смртта во Калифорнија, на Алпите…

koj-e-mentorot-na-nikola-rokvikj-za-adjilakot-trchal-483km-na-polaren-stud-napravil-30-000-stomachni-za-ginis-04.jpg

Во една пригода, Јовица откри дека неговата љубов кон ултрамаратоните не се родила во еден миг, туку тоа е процес што траел уште од неговото детство.

Тој потекнува од планински предели, а во една пригода откри дека растел во село во близина на Прибој (на Златибор) на височина од 1.430 метри.

„Заради сето ова, јас всушност од мои 4 години постојано бев на висински подготовки, со постојано движење и работите што се работат на село, а кои сепак се во тесна поврзаност со денешните вежби во теретаните, односно се симулација на сето она што го правиме денес за време на тренинзите.

Косење, работа во шума и низ сите тие активности, и јас созревав“ – појасни тој.

koj-e-mentorot-na-nikola-rokvikj-za-adjilakot-trchal-483km-na-polaren-stud-napravil-30-000-stomachni-za-ginis-10.jpg

Инаку, Јовица денес е еден од најуспешните српски спортисти во светот, а интересно е што од секоја своја трка често знае да подарува сувенири и опрема, да продава медали и собраните средства да ги донира во хуманитарни цели.

На приватен план, Јовица е во брак со Ивана Спајиќ, со која има и син. За нив, Јовица вели дека се неговата најголема поддршка и љубов.

koj-e-mentorot-na-nikola-rokvikj-za-adjilakot-trchal-483km-na-polaren-stud-napravil-30-000-stomachni-za-ginis-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg