Вељко Ражнатовиќ откри дека нема да брза со четвртото дете: „Третото беше непланирано“
- Детали
- вторник, 21 мај 2024
„Третиот син дојде непланирано“ – призна Вељко Ражнатовиќ. Претходно откри дека четвртото дете со Богдана ќе им биде последно, а сега конечно одговори и на прашањето кога може да се очекува уште една принова во нивното семејство.
Веднаш откако беа објавени вестите дека Вељко Ражнатовиќ го доби третиот син, во српските медиуми почнаа да кружат информациите дека ако тој и сопругата Богдана се одлучат да добијат уште едно дете, тоа ќе им биде последно.
Тој самиот изјави дека заради тоа што Богдана повторно се породила со царски рез, таа би можела на свет да донесе само уште едно дете и веќе не би смеела да остане бремена.
Синот на Цеца во повеќе наврати истакнал дека покрај трите сина, посакува да има и ќеркичка – татина принцеза.
Цеца претходно даде изјава во медиумите, па на шега рече дека како што стојат работите, наскоро би можеле да очекуваме и четврто бебе од Вељко. Но, тој даде сосема поинаков одговор на прашањето за четвртото дете.
Гостувајќи во подкаст, српскиот боксер рече дека третиот син Исаија дошол на свет сосема непланирано, а за четвртото дете малку ќе почекаат.
„Сега малку ќе паузирам... И третиот син дојде непланирано“ – рече тој.
Инаку, Вељко и Богдана го добија третиот син Исаија на 14-ти мај, а истиот ден во семејната вила на Дедиње направија забава во чест на неговото раѓање.
Три дена подоцна, гордиот татко отиде за да ги земе сопругата и синот од болница, но успешно ги избегнаа новинарите и излегоа низ гаражите.
Оттаму се упатиле кон семејната вила на мајка му Цеца.
За потсетување, Вељко и Богдана стапија во брак во 2019-та година и заедно имаат три сина, Жељко, Крстан и Исаија.
Инаку, тој одговори и на прашањата поврзани со неговата кариера како боксер, па рече дека смета оти нему би му било многу полесно доколку немал славни родители.
„Сите се чудат како можеше Вељко Ражнатовиќ да се одлучи за ваков кучешки живот. Ова е 'питбуловски' живот“.
Прочитајте и Цеца во „скромен“ аутфит од над 35.000 евра, Анастасија си дојде од Шпанија – Како се славеше раѓањето на третиот син на Вељко?
Б. С. Б. | Црнобело