Пееше на Евровизија, заради депресија посегнал по својот живот – Како изгледа денес Вукашин од „Операција триумф“?

„Јас имав функционална депресија, што не можеше да се забележи. Кога си во депресија, немаш никакво чувство за ништо“ – откри неодамна пејачот кој се прослави во „Операција триумф“. Каде е денес и како изгледа симпатичното момче што беше меѓу омилените во публиката?

nastapuvashe-zaedno-so-aleksandar-belov-zaradi-depresija-posegnal-po-sopstveniot-zhivot-kade-e-denes-vukashin-brajikj-01.jpg

Многумина сè уште го помнат Вукашин Брајиќ, момчето што се прослави благодарение на реалното шоу во кое учествуваше и нашиот Александар Белов, „Операција триумф“.

nastapuvashe-zaedno-so-aleksandar-belov-zaradi-depresija-posegnal-po-sopstveniot-zhivot-kade-e-denes-vukashin-brajikj-03.jpg

Момчето кое во 1995-та година дошло во Белград со своето семејство како „бегалец“ од Босна, успеа во тој период да го привлече вниманието на публиката со својата љубов кон рок музиката и својот автентичен и уникатен стил.

nastapuvashe-zaedno-so-aleksandar-belov-zaradi-depresija-posegnal-po-sopstveniot-zhivot-kade-e-denes-vukashin-brajikj-04.jpg

По учеството во реалното шоу во 2008-ма година Вукашин учествуваше на Евровизија во 2010-та година, каде ја претставуваше својата родна земја Босна и Херцеговина со песната Thunder and Lightning.

Објави повеќе песни, но потоа подолг период се повлече од јавноста.

Во 2018-та година повторно се врати на музичката сцена со песната Kad se ljubav gasi.

Во тој период изјави дека иако го немало во медиумите, тој сепак пишувал и компонирал песни, но долго чекал да направи радиска песна со сериозен текст.

Иако многумина го очекуваа неговиот голем камбек на музичката сцена, Вукашин во еден период целосно исчезна, а деновиве отворено зборуваше за тоа што му се случувало во последните пет години.

nastapuvashe-zaedno-so-aleksandar-belov-zaradi-depresija-posegnal-po-sopstveniot-zhivot-kade-e-denes-vukashin-brajikj-06.jpg

Тој гостуваше во подкаст, каде се појави со фарбана коса и е видно променет, па многумина не можеа ниту да го препознаат на прва.

Пејачот даде емотивна и искрена изјава во која откри со какви проблеми се соочувал.

Вукашин отворено зборуваше за своите проблеми со депресијата и за тоа како во еден миг посегнал и по сопствениот живот.

„Јас имав функционална депресија, што не можеше да се забележи. Бегав во работата, толку многу што работев за да не ја чувствувам таа тегоба.

Кога си во депресија, немаш никакво чувство за ништо. Не ти е жал што мајка ти плаче ако те нема, не ти е жал, едноставно сакаш да се случи нешто.

Сега имаме еден куп некои популарни болести на Инстаграм и тоа не се работи со кои треба да се шегуваме.

nastapuvashe-zaedno-so-aleksandar-belov-zaradi-depresija-posegnal-po-sopstveniot-zhivot-kade-e-denes-vukashin-brajikj-07.jpg

Навистина сакам да им кажам на луѓето дека тоа се случува, тоа е вистинско.

Лани завршив во болница на испирање црева на Стара нова година, затоа што се обидов да си го одземам животот.

Тоа е моментот кога сфатив дека таму, од другата страна нема ништо, а ако овде нема ништо, барем може нешто да се случи.

Тоа е мигот кога сфатив дека веќе никогаш нема да посегнам по сопствениот живот“ – рече тој.

@princ.planet.podcast

" Bio sam na VMA, na ispiranju, nakon pokušaja da sam sebi oduzmem život " Nikad više! - Vukašin Brajić, najiskrenije o životnim bitkama! Pričaonica Sanje Ćulibrk!

♬ original sound - Princ Planet

Според него, најважната работа што во изминатите пет години била таа што научил да пушти солза кога му е тешко, затоа што претходно бил човек кој не знаел да плаче.

„Јас само се разочарав затоа што луѓето не се она што мислев дека се“ – рече Вукашин.

Во продолжение погледнете го целиот подкаст во кој гостуваше Вукашин:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg