Се омажи внуката на Бата Живојиновиќ – Со сопругот чекаат близнаци, таа блесна во петтиот месец од бременоста
- Детали
- вторник, 14 мај 2024
Студирала во Париз и САД, живеелa во Лондон и кога сите очекувале дека ќе остане таму, Дина се вратила во Србија за да биде со дедо ѝ Бата Живојиновиќ. Викендов таа се омажи за долгогодишниот партнер со кого очекува близнаци. Погледнете ги првите фотки од свадбата.
Внуката на легендарниот српски актер Бата Живојиновиќ, Дина, викендов застана пред олтар со нејзиниот долгогодишен партнер Лазар Ѓукановиќ.
Пред извесен период во дел од медиумите беше објавено дека парот очекува близнаци, момчиња.
Дина дознала дека е бремена откако партнерот ѝ приреди магично запросување во Лисабон, а во моментов е во петтиот месец.
Дина и Алекс викендов направија свадба во Крагуевац, каде присуствуваа најблиските членови на семејството, а невестата блесна во венчаница изработена од мониста, надополнета со вел со везени детали.
Церемонијата се одржа во тајност, а познато е дека невестата го зеде презимето од сопругот.
Инаку, Дина е една од шесте внуци на српскиот легендарен актер Бата Живојиновиќ.
Таа студирала книжевност на Сорбона во Париз, комуникации во Калифорнија и магистрирала во Лондон.
„Во Лондон работев една или две години. Ме фати носталгија за Србија, се јави и депресија и сфатив дека она што најмногу ми недостасува е семејството.
Кога дојдов кај баба ми и кај дедо ми сфатив дека и ним најмногу им недостасува семејството. Сè се поклопи некако и останав овде“ – раскажа Дина во една пригода.
Дина е единствената од внуците на Бата која по студиите во странство, се вратила да живее во родната земја и заедно со баба ѝ Лула, се грижела за него во последните денови од животот.
Во продолжение повеќе фотки од Дина:
Б. С. Б. | Црнобело