Нагло се здебели заради тироидната жлезда, го крие сопругот од јавноста – Факти за Хелена Папаризу
- Детали
- сабота, 11 мај 2024
Беше толку згодна што дури и шведскиот крал се извинуваше јавно затоа што му се „лизнала“ раката на нејзиниот задник, а денес по здравствените проблеми и семејната трагедија изгледа непрепознатливо. Што се случуваше со Хелена Папаризу откако победи на Евровизија 2005?
Во втората полуфинална вечер на евровизиската сцена свој настап имаше и Гркинката Хелена Папаризу, која нè врати во 2005-та година, кога победи со песната My Number One.
Забележително е дека Хелена во последните 19 години доста се променила, но повторно имаше енергичен настап, а публиката во еден глас ја пееше нејзината песна.
Што знаеме за Гркинката, која веќе 20 години важи за една од најпопуларните тамошни пејачки и што се случуваше со неа во изминатите години?
Хелена е родена во 1981-ва година во Шведска во семејство на грчки доселеници. Таа има сестра и брат, а во 1985-та година семејството одлучило да се врати во Грција и да живее таму.
Како дете била мошне повлечена, а кај неа рано била дијагностицирана астма заради што често ѝ се случува да снема здив додека пее, па каде ѝ да оди со себе мора да носи лекови.
Ова била причината заради која семејството се вратило во родниот крај, затоа што било утврдено дека на Хелена ѝ пречи студената скандинавска клима.
Но, по 2 години, откако Хелена закрепнала, тие пак се вратиле во Шведска, а Хелена се соочила со проблеми затоа што воопшто не го зборувала шведскиот јазик.
На 7-годишна возраст таа почнала да учи да свири пијано, да танцува балет и традиционални (грчки) танци, а на 13-годишна возраст започнала да се подготвува да стане пејачка.
На 17 години Хелена заедно со Никос Панагиотидис го формирала бендот Antique. Во 2001-ва година овој бенд настапил за првпат на Евровизија со песната Die For You, но го освоиле третото место.
Во 2003-та бендот се распадна, по што Хелена започна своја соло кариера, а во 2004-та одлучила да се врати и да живее во Грција.
Во 2005-та година ѝ се оствари сонот и на Грција ѝ донесе победа на Евровизија.
По победата Хелена беше поканета да настапува на прославата на роденденот на шведската кралица Викторија. Овој настап беше проследен со скандали кога кралот Карл XVI Густав наместо да се ракува со неа, стана и ја прегрна, а рацете ги спушти на нејзиниот задник.
Кралското семејство подоцна излезе со соопштение дека раката на кралот случајно се лизнала.