Нагло се здебели заради тироидната жлезда, го крие сопругот од јавноста – Факти за Хелена Папаризу
По настапот на Евровизија, Хелена успеа да изгради успешна кариера во Грција и низ Европа, но во 2008-ма година доживеа голема семејна трагедија кога нејзиниот татко ненадејно почина.
Вечерта на Божиќ, грчката заедница во Гетебург имала прослава на празникот, кога на татко ѝ случајно му се слошило и претрпел застој на срце.
Амбулантното возило стигнало премногу доцна, а татко ѝ починал во рацете на нејзината сестра Арети.
Во времето кога татко ѝ починал таа имала настап и кога завршила во 4 и 30 часот наутро дознала дека татко ѝ имал срцев удар, но не ѝ кажале дека починал.
Дури кога дошла во Шведска дознала дека го загубила татко ѝ.
По смртта на татко ѝ западнала во депресија, а само 6 месеци подоцна дознала дека има зголемување на тироидната жлезда заради што се здебелила 10 килограми во 1 месец.
По дијагнозата почнала редовно да зема лекови и вели дека е среќна што не ѝ треба операција.
„Имам два јазли во грлото што може да бидат хируршки отстранети, по малку отекуваат и се полнат со течност“ – појасни пејачката во една пригода.
Но, јавноста која не беше запознаена со здравствените причини заради кои Хелена брзо се здебели, побрза да ја осуди и да ја критикува. Таа во повеќе наврати рекла дека го сака своето тело и дека не се опседнува со критиките, но не може да лаже дека не ја допираат.
„Воопшто не е важно. Да ви ја кажам вистината? Да ви кажам како се чувствувам? Вчера бев толку многу тажна и изедов цел бургер.
Не можам да се справувам веќе се тоа. Срамота е што мора да се опседнувам со погрешни работи“ – нагласи таа во една пригода.
Во 2012-та година таа ја започна врската со градежниот инженер Андреас Капсалис, и двајцата се трудеа својот приватен живот да го зачуваат подалеку од јавноста. Во 2015-та година објави фотка и откри дека се венчале во тајност.
Хелена ја продолжи својата богата кариера во Грција, но воопшто не зборува за својот приватен живот. Досега имало гласини дека парот добил деца во тајност, но пејачката досега не коментирала за овие вести.
Б. С. Б. | Црнобело